.webp&w=1920&q=100)
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Македонија претставува пазар на кој потрошувачите примарно го вреднуваат квалитетот и традицијата, поради што врвот на листата на ТОП 25 брендови на пазарот го сочинува силен спој на домашни лидери како Stobi Flips, соковите Viva и Битолско млеко,
Македонија претставува пазар на кој потрошувачите примарно го вреднуваат квалитетот и традицијата, поради што врвот на листата на ТОП 25 брендови на пазарот го сочинува силен спој на домашни лидери како Stobi Flips, соковите Viva и Битолско млеко, во чекор со глобалните гиганти како Coca-Cola и Milka.
Во време на инфлација и чести промени во потрошувачките навики, македонските брендови не само што ја задржуваат својата конкурентност, туку и активно ги препознаваат можностите за пораст на домашниот пазар. Ова јасно се отсликува во податоците каде речиси 50% од водечките 25 брендови во С. Македонија се од домашно потекло. Истражувањето потврдува дека на нашиот пазар успеваат оние брендови кои со децении градат длабока емоционална врска и доверба кај потрошувачите.
Локални херои: Доминација на домашното потекло
На македонскиот пазар, врвот на листата на најмоќни TOP 25 брендови го сочинува спој од доминантни глобални брендови и локални брендови со длабока пазарна традиција. Листата од ТОП 25 брендови ја предводат Stobi Flips, како апсолутен лидер кај грицките, соковите Viva и Битолско млеко и лидерот во пекарската индустрија, Жито Лукс, кои успешно се носат рамо до рамо со глобалните гиганти како Coca-Cola и Milka. Во категоријата храна и пијалаци доминира и локалната млекарница Здравје Радово, брендовите за масло и прехранбени производи Кристал и Брилијант, препознатливиот бренд за газирани сокови Газоза, кондиторските производи на Европа, како и брендот за чаеви Good Nature на „Алкалоид“.
Податоците јасно покажуваат дека македонскиот потрошувач има силна преференција кон домашното производство во категориите на „основни“ и „свежи“ производи. Од друга страна, глобалните брендови доминираат во секторите со високи маркетинг-инвестиции, како што е кондиторската индустрија, каде што Milka и Kinder имаат силно влијание, како и секторот за лична нега со брендовите Colgate и Nivea. Категориите млечни производи, солени грицки и безалкохолни пијалаци се покажаа како најотпорни на пазарните промени. Тие претставуваат неопходни производи (т.н. must-have) кои купувачите очекуваат да ги најдат во секоја продавница, без оглед на инфлаторните притисоци.
Регионални шампиони и предизвици
Иако на врвот на регионалната листа ТОП 100брендови во регионот, доминираат глобалните гиганти како Coca-Cola и Milka, присуството на брендовите Smoki, Vegeta и Argeta меѓу првите десет, е клучен индикатор за силата на локалните брендови. Овие регионални лидери докажуваат дека преку одржување на висока емоционална поврзаност и авторитет во својата категорија, можат успешно да се носат, па дури и да ги надминат светските конкуренти на домашен терен.

Иднината носи нови предизвици, пред сè поради слабеењето на средната класа и подемот на дисконтните маркети и приватните трговски марки (PL), кои во одредени категории веќе заземаат над 50% од пазарот. За да опстојат, брендовите мора да инвестираат во своите препознатливи вредности (DBA), бидејќи без силен визуелен идентитет стануваат лесно заменливи. Успешните примери, како проширувањето на Argeta во намази од зеленчук или на Nutella во категоријата бисквити, го покажуваат патот напред. Гледано во поширок регионален контекст, македонските брендови се соочуваат со сериозни предизвици. Иако доминираат на домашниот пазар, на регионално ниво тие најчесто функционираат како „ниш“ играчи (специјализирани за помали сегменти). Ова се должи на фактот што нивните основни категории — како што се млечните, прехранбените и кондиторските производи, како и грицките — веќе се заземени од силни локални производители на соседните пазари.
Методологија
Во истражувањето VALICON TOP BRANDS 2025 воведен е низ на методолошки подобрувања. Истражувањето е спроведено онлајн, на репрезентативен примерок во Северна Македонија (n=524) и регионот (n=5847), меѓу популацијата од 15 до 65 години. Поради важноста на визуелната препознатливост на самите брендови, во анкетата се користеа исклучиво логоата на брендовите. Моќта на брендот (Brand Strength) е сложен индекс изведен од препознатливоста, разгледувањето (consideration), искуството, користењето, перцепцијата како „must brand“ и перципираната незаменливост. Силата веќе не се мери само преку употребата, туку преку степенот на нивната неприкосновеност пред налетот на трговските марки.