InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Овие анализи овозможуваат интересен преглед на категориите и даваат приказ на промотивната активност на поткатегориите и брендовите во летоците на одредени трговски синџири. Освен тоа, се анализираат и промотивните цени преку развојот на максимална
Виното е промотивно најактивно во споредба со другите поткатегории, а од брендовите промотивно најактивни се: Тikveš, Badel, Stobi...
Извор: „Фокус марктфоршунг“
„Фокус рисрч“ повеќе од 30 години прави годишни анализи на пазарот врз основа на учеството на брендовите во летоците. Овие анализи овозможуваат интересен преглед на категориите и даваат приказ на промотивната активност на поткатегориите и брендовите во летоците на одредени трговски синџири. Освен тоа, се анализираат и промотивните цени преку развојот на максималната, промотивната и минималната цена на одредени производи.
Во графикон 1, „Фокус“ ја анализира промотивната активност на виното и алкохолните пијалаци, при што се анализира активноста на повеќе поткатегории. Период за анализа се првите девет месеци од годинава, наспроти истиот период лани. Виното е промотивно најактивно во споредба со другите поткатегории. Годинава бележи намалување на активноста на 40,4% наспроти минатогодишните 42,7%. Намалување на промотивната активност бележат и следните две поткатегории: виски (од 14% лани на 12,4% годинава) и џин (од 11,1% лани на 10% годинава). Вотката бележи благ пораст од 6,9% лани на 7,3% годинава, како и анасанов бренди од 4,6% лани на 5,3% годинава.
Брендови
Агенцијата „Фокус“ прави анализа и на промотивните активности на брендовите од категоријата вино и алкохолни пијалаци. Анализираниот период се првите девет месеци од годинава наспроти истиот период лани. На графикон 2 се забележува дека промотивно најактивни се вината на „Тиквеш“, кои годинава заземаат 11,1%, колку што, приближно, имале и лани. Дадена е анализа на промотивната активност на брендовите од категоријата вино и алкохолни пијалаци. Badel годинава бележи 5,8%, што е пораст на промотивната активност во споредба со лани – 3,2%. Благ пораст на промоциите бележат и вината на „Стоби“ од 2% на 3,4%, додека Sax gin ја задржува промотивната активност од лани. Gordon’s бележи намалување, од 3,8% лани на 2,3% годинава. Податоците за другите брендови погледнете ги на графиконот 2.

Во кои трговски синџири учествуваат производителите?
Анализата на „Фокус“ го испитува присуството на водечките производители во летоците на индивидуални трговски синџири – „Тинекс“, dm, „Веро“, „Рамстор“, „Зур“, „Кам“ и други. Во анализата се дадени првите три трговски синџири каде што производителот учествува со највисок процент. Анализата е за првите девет месеци од годинава. (графикон 3)
Алкохолните пијалаци на „Бадел 1862“ се најактивни во летоците на „Унимак 95“ и „Футура“ со повеќе од 31%, на „Монтенегро“ со 30,6% и на „Атва“ со 28,6%.
Вината на „Тиквеш“ најчесто се промовирани во „Црвена ружа“ со 100%, во „Мин-екс“ со 30,6%, и во „Футура“ со 37,5%.
„Дијаџио“ со највисок процент на промотивна активност е застапен во летоците на „Конто“ со 33,3%, во „Тамаро“ со 27,9% и во „С53“ со околу 21%.
„Перно Рикар“ со 100% е присутен во „Тинекс дисконт“, со 81,8% во „Ангромаркетинг“ и со речиси 20% во „Тинекс“.

Пиеме ли поевтини алкохолните пијалаци
„Фокус“ прави темелни анализи за развојот на цените, а овој број направи анализа на вино и виски, во првите девет месеци од 2023 во споредба со 2022 година.
Во првите девет месеци од годинава минималната промотивна цена на виното (750 мл) е 69 денари, во споредба со истиот период лани кога била 109 денари. Максималната цена годинава бележи значителен пад, од 6.199 денари лани на 1.850 денари годинава. Просечната промотивна цена годинава изнесува 353,47 денари и е нешто пониска од ланската – 363,03 денари.
Кај вискито (700 мл) годинава се забележува пораст на сите три анализирани промотивни цени. Минималната е зголемена од 259 денари лани на 349 денари годинава. Речиси двојно зголемување бележи максималната промотивна цена, од 16.992 денари лани на 32.295 денари годинава. Просечната промотивна цена годинава е 1.625,01 денар, во споредба со лани – 1.278,97 денари. Податоците можете да ги видите на графикон 4.

За агенцијата
„Фокус рисрч“ е една од водечките агенции за истражување на пазарот во Европа. Агенцијата функционира во 35 земја и има повеќе од 970 клиенти низ цела Европа. „Фокус“ квантитативно ги истражува и ги анализира сите промотивни активности и на македонскиот пазар, а своите клиенти ги обезбедува со информации преку интернет-база на податоци, персонални извештаи и секојдневни билтени.
Контакт: Мелани Ципот, директор за продажба за Србија, Словенија, Македонија, Црна Гора и БИХ
Е-пошта: m.cipot@focusmr.com
Телефон: +386 41 741 349
Телефон: +381 61 135 012