
Корените на задружната трговија во Словачка се протегаат 180 години наназад, од основањето на првата задруга во 1845 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Кооп једнота“ е несомнено локален херој на словачката малопродажба. Иако останува вкоренет во помалите, селски продавници „Потравини“, овој трговец постепено преминува кон современ формат на супермаркети, фокусирани на технологија и практичност. Благодарение на пионерските 24/7 хибридни продавници, „Кооп“ покажува дека традицијата и иновацијата можат да постојат рамо до рамо.
Автор: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар
„Кооп једнота“ е водечка домашна малопродажна задруга во Словачка и истакнат пример за „локален херој“ во малопродажбата во Централна Европа. Иако ’рбетот на мрежата и понатаму го сочинуваат бројни мали, селски продавници блиску до потрошувачите, задругата истовремено се позиционира и преку современи супермаркети во градските подрачја кои ставаат акцент на практичност и технологија, додека маркетингот го одржува брендот цврсто вкоренет во автентичната словачка традиција.
Задружното ДНК – автентична словачка малопродажба
Корените на задружната трговија во Словачка се протегаат 180 години наназад, од основањето на првата задруга во 1845 година. Од таа традиција израсна денешната „Кооп једнота“, која обединува 30 независни регионални потрошувачки задруги и заедно управува со повеќе од 1.900 продавници низ целата земја. Овој задружен идентитет носи автентичност која ги надминува маркетиншките тврдења и дозволува ДНК-то на организацијата да заблеска во секојдневниот малопродажен живот.
„Кооп једнота“ соработува со повеќе од 1.300 словачки добавувачи, од мали фармери до семејни пекари. Според податоците на компанијата, 73% од млечните производи, 87% од свежото месо и речиси 100% од пилешкото месо, млекото, јајцата и брунџата се обезбедуваат од домашно производство. Ова силно потпирање на локалните производители е поддржано и со една од најдолговечните маркетиншки кампањи во земјата со повеќе од 15 години, Bača и Honelník (овчарот и неговиот помошник) се симболични ликови на „Кооп једнота“, длабоко вкоренети во културната меморија на нацијата.
Очигледно, стратегијата функционира: според истражувањето „ПКС 2025“, „Кооп једнота“води со 56% домашни производи на полиците со највисок удел меѓу сите трговци. Потоа следат меѓународните ланци: „Биедронка“со 44% и „Теско“ со 42%. Така, „Кооп Једнота“ ја задржува позицијата на локален малопродажен херој на Словачка.
Традиција што преминува во модерност
Повеќето продавници на „Кооп једнота“ и понатаму се малите продавници „Потравини“ со површина под 200 m², но главниот двигател на растот доаѓа од поголемите и помодерни формати на супермаркети. До крајот на 2024 година, ланецот управуваше со 605 стандардни супермаркети и 101 поголем Tempo супермаркет. Овие модерни формати воведуваат: дигитални ценовници, еколошки технологии, сервисни пултови, и „Кооп Бистро“ агли со топли оброци, супи и скара, особено во урбани средини.
Асортиманот е прилагоден на новите очекувања на потрошувачите – вклучува функционални производи, артикли без одредени состојки („free-from“) и освежена понуда на приватни марки.
Следен чекор во модернизацијата се автоматизирани 24/7 хибридни продавници, чиј развој започна во 2024 година, а до средината на 2025 година мрежата веќе броеше десет објекти. Само во регионот Орава, локалната задруга планира проширување на форматот на 20 продавници, за секоја заедница да има барем една продавница отворена постојано.
Овие продавници функционираат со персонал преку ден, а преминуваат во автоматизиран режим навечер, неделите и за време на празници. Пристапот е возможен преку апликацијата „Кооп једнота клуб“, а купувањето е целосно безготовинско. Ниту еден друг трговец во Словачка не нуди ваков формат, што ја прави „Кооп једнота“ пионер на хибридните 24/7 продавници. За оваа иновација, компанијата во 2024 година доби признание „Innovator in Retail“.
Посетите на продавниците покажуваат дека „Кооп једнота“ успешно балансира помеѓу зачувување на својата автентична улога како традиционален словачки бренд и одговор на новите очекувања на потрошувачите преку модерни формати и технолошки решенија.
Посета на продавницата
Супермаркетот „Темпо“ во брaтиславскиот центар Техелко го претставува најновиот концепт на продавница и последното големо отворање на „Кооп Једнота“ во главниот град.

Уште пред влезот во продавницата, трговецот ја спојува традицијата и технологијата преку Bača и Honelník, кои ги мотивираат купувачите да се зачленат во клубот за лојалност на „Кооп једнота“

На влезот во продавницата, „Кооп једнота“ промовира свежо словачко овошје и зеленчук, со Bača како амбасадор на брендот, издвојувајќи се како број еден во категоријата свежи производи меѓу домашните трговци.

Одделот за овошје и зеленчук вклучува ладилник ѕид, наменет за лесно расипливи производи.

Супермаркетот „Темпо“ користи електронски цени низ целиот асортиман.

Веднаш до овошјето и зеленчукот се наоѓа одделот за конзервирани производи, еден од најголемите во сегментот супермаркети, со бројни артикли од приватни марки.

Како силен непрехранбен сегмент, големиот модул на „Тцсибо“ со ротирачки асортиман привлекува внимание.

Промотивните краеви на гондолите се истакнати со традиционален фолклорен дизајн на „Кооп једнота“

Во согласност со урбаниот карактер на локацијата, органските производи имаат истакнато место.

Лентите на полиците се користат за промоција на приватните марки на „Кооп Једнота“

Асортиманот на приватни марки ги следи трендовите како безглутенски производи под линијата Tomu Ver.
Посебен дел на полиците е посветен на безглутенски производи, со означувања и знаменца.

И тука „Кооп једнота“ нуди добар однос цена-квалитет во рамки на својата линија Tomu Ver free-from.

Пекарскиот оддел го предводи регионален пекар, дополнително зајакнувајќи го локалниот карактер на „Кооп једнота“.

Локалниот специјалитет „Братиславски кифлички“ е заштитен од ЕУ како традиционален специјалитет со загарантирано потекло (TSG).

На патот кон сервисниот пулт, амбасадорот на брендот Bača истакнува дека 87% од свежото месо и месните производи потекнуваат од Словачка.

На сервисниот пулт, регионалната задруга „Кукониа“ нуди широк избор на свежо и преработено месо, потврдувајќи ги локалните корени на „Кооп Једнота“.

Премиум производите на „Кукониа“ вклучуваат деликатеси од мангулица, како лардо, гуанциале и панчета.

Во рамки на аголот „Кооп Бистро“ се нудат топли оброци и закуски, како дополнување на сервисните пултови, со фокус на практичноста.

Свежо подготвени сендвичи и печива се достапни на пултот, во согласност со побарувачката за „грабни и оди“ (grab-and-go) производи.

Во ладилниците и замрзнатиот дел, „Кооп једнота“ особено ги истакнува традиционалните словачки производи.

Посебен сегмент е посветен на исхрана без лактоза.

На многу пакувања на приватните марки на „Кооп једнота“, се нагласува духовит и ведар карактер на локалните херои Bača и Honelník.
Така, Bača прашува: „Дали ја знаеш разликата помеѓу полумасно и полномасно млеко?“, а Honelník се шегува: „Полумасното е од крави на диета.“

Првата полица во одделот за безалкохолни пијалаци е резервирана за регионалниот бренд Kofola, јасно поставен покрај меѓународните конкуренти.

Во одделот за кондиторски производи, традиционалниот чехословачки бренд Orion Studentská го дели просторот со глобални марки.

Во делот со амбивалентни производи, специјални палетни поставки и краеви на гондоли се посветени исклучиво на традиционални словачки производи.

Продавницата од 1.600 м² овозможува плаќање на шест класични каси...

...или преку самоуслужен простор со четири каси.

Во рамки на самоуслужниот оддел, има и пункт за подигнување на нарачки преку „Волт“ достава, наменет за урбани купувачи.

На излезот од супермаркетот, „Кооп једнота“ повторно го истакнува домашното потекло на производите – постерот нагласува дека до 73% од сите млечни производи во понудата доаѓаат од Словачка.
