
Пакуваната вода, како најсилна категорија меѓу безалкохолните пијалаци, и соковите, како трета најголема категорија, значително придонесоа за порастот на обемот на продажбата
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Според податоците на компанијата за анализа на податоци „Еуромонитор интернационал“, пазарот на безалкохолни пијалаци во РС Македонија во 2024 година бележеше умерен пораст на волуменската и силен пораст на вредносната продажба во малопродажбата. Тоа се случи во услови на стабилна потрошувачка и постепено намалување на порастот на цените по високата инфлација од претходните години.
Извор: „Еуромонитор интернационал“
Пакуваната вода, како најсилна категорија меѓу безалкохолните пијалаци, и соковите, како трета најголема категорија, значително придонесоа за порастот на обемот на продажбата. Трендовите поврзани со здравјето и благосостојбата и понатаму го обликуваат однесувањето на потрошувачите, влијаејќи врз нивните одлуки за купување и поттикнувајќи ги производителите да воведуваат производи со намален или без додаден шеќер како алтернатива на пијалаците со обичен шеќер. Овој тренд позитивно влијаеше врз перформансите на категориите пијалаци со намален шеќер, особено газираните пијалаци и соковите, додека негативно влијаеше врз категориите со обичен шеќер.
Клучни трендови во 2024 година
Побарувачката за класични газирани кола-пијалаци продолжи да се намалува, најмногу поради сè поголемата загриженост на потрошувачите за здравјето.
Овој тренд значително влијаеше врз вкупните резултати на категоријата газирани пијалаци. Иако беше забележа умерен пораст на волуменската продажба, инфлациските притисоци придонесоа за позитивен пораст на вредноста во малопродажбата.
Практичноста останува клучен фактор, особено кај РТД-пијалаците – чаеви и кафе. Овие нови категории забележаа зголемена достапност на повеќе брендови и континуиран развој. Продажбата на безалкохолни пијалаци во угостителскиот сектор целосно заздрави во 2024 година, надминувајќи ги нивоата пред пандемијата, откако функционирањето на пазарот се нормализира. Се очекува овој позитивен тренд да продолжи и во следните пет години.