
Дневно 16% од македонските потрошувачи консумираат газирани сокови и 18% негазирани сокови, додека четворица од десет потрошувачи пијат минерална вода во шише (газирана или негазирана) секој ден.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Дневно 16% од македонските потрошувачи консумираат газирани сокови и 18% негазирани сокови, додека четворица од десет потрошувачи пијат минерална вода во шише (газирана или негазирана) секој ден.
Пишува: Боге Божиновски, генерален менаџер на „Индаго“, boge.bozinovski@indago.mk
Изборот на пијалак е дел од сечие секојдневие и рутина, а навиките поврзани при изборот на пијалак зборуваат за брзото темпо на секоја личност. Дали станува збор за газиран сок, џус или, пак, минерална вода, тие се важен аспект од начинот на живот и начинот на хидратација.
Газираните сокови се доста популарен избор меѓу испитаниците во секоја пригода. На дневна основа 16% од македонските потрошувачи консумираат газирани сокови и 18% негазирани сокови, додека четворица од десет потрошувачи пијат минерална вода во шише (газирана или негазирана) секој ден. Повеќе на графикон 1.

Во 2025 година се забележува зголемена консумација на сите пијалаци во споредба со 2024. Најмладите потрошувачи (18-24 години) имаат најголем пораст кај минералната вода за 9%, од 89% во 2024 година на 98% во 2025 година, а и кај негазираните сокови од 87% во 2024 година на 95% во 2025 година (графикон 2). Кај возрасните консументи на возраст од 45 до 54, негазираните сокови растат од 80% на 88% согласно податоците од овогодишното истражување. Дури и кај највозрасните консументи на возраст на 65 години минералната вода има пораст од 7 процентни поени споредено со ланското истражување (83% - 2024; 90% - 2025).
Податоците укажуваат на зголемена потрошувачка и поголема здравствена свесност кај сите возрасни групи.

Омилена марка во категорија
Најомилена категорија на безалкохолни пијалаци (графикон 3) меѓу консументите се убедливо газираните сокови кои содржат шеќер (30%) додека на второ место се наоѓаат готовите овошни сокови кои содржат и до 100% овошје (18%), по што следуваат негазирана вода во шише (16%) и газирана вода во шише (14%) .
Кај мажите, најомилените марки најчесто се поврзани со категоријата на газирани пијалаци (33%), додека кај жените, покрај преференциите за газирани сокови со шеќер (27%), значителен дел од нив се одлучуваат за брендови кои припаѓаат на категоријата готови овошни сокови (21%).

Најчесто консумиран вид сок
Овошните сокови со 100% природно овошје се најчесто консумираниот вид пијалак, при што 31% од испитаниците ги преферираат токму нив. На второ место се овошните нектари, кои содржат меѓу 25% и 99% овошје, со 26% одговори. Следуваат соковите со вкус на овошје (со помалку од 25% овошна содржина), кои ги консумираат 12% од испитаниците. Најмал е уделот на оние што воопшто не пијат негазирани сокови - 15%. Види графикон 4.
Анализирано по демографија, може да се забележи дека жените во поголема мера уживаат во вкусот на овошните сокови (34%) за разлика од мажите, кои нешто помалку уживаат во нивниот вкус (28%). Кога станува збор за овошните нектари, (27%) жените почесто ги пијат овие освежителни пијалаци наспроти мажите (24%). Една петтина (20%) од мажите изјавиле дека воопшто не пијат негазирани сокови наспроти 11% од жените.

За истражувањето
Истражувањето за консумација на газирани и негазирани сокови беше спроведено како дел од омнибус-истражувањето на „Индаго“ спроведено во мај 2025 година на репрезентативен примерок од 994 испитаници на 18+ годишна возраст.
Индаго
Како една од првите агенции за истражување на пазарот, „Индаго“ постојано вложува во континуиран развој на истражувачките алатки и решенија и иницира нов пристап кон истражувањето. Само иновативната мисла и акција можат да му обезбедат на клиентот информација врз чија база ќе ги донесува своите одлуки. Имагинација, креативност и интердисциплинарно размислување – ова се квалитетите што ги имаат искусните експерти од областа на истражувањето на пазарот во „Индаго“ и кои претставуваат солиден почетен капитал на секој проект.
Контакт: Боге Божиновски
Индаго, бул. ВМРО 1, Скопје
Телефон: +389 312 6001