
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На компаниите сè почесто им стана практика да ги пресметуваат неочекуваните промени при планирањето на својот синџир на снабдување. Со оглед на светот што брзо се менува и нарушената глобална средина, тие активно бараат начини да го зацврстат својот
На компаниите сè почесто им стана практика да ги пресметуваат неочекуваните промени при планирањето на својот синџир на снабдување. Со оглед на светот што брзо се менува и нарушената глобална средина, тие активно бараат начини да го зацврстат својот синџир на снабдување за клиентите постојано да имаат пристап до нивните производи. Еден од начините за тоа е преку диверзификација на синџирот на снабдување. Современите експерти од таа област интензивно размислуваат за трендовите на глобализација и регионализација, и затоа како компаниите можат да го диверзифицираат својот синџир на снабдување за да добијат поголема агилност во работењето. Диверзификацијата на синџирот на снабдување е стратегија што ја користат компаниите за да изградат поиздржлив ифлексибилен бизнис.
Приреди: Редакција на InStore
Што претставува диверзификацијата?
Диверзификацијата на синџирот на снабдување е стратегија што ја користат компаниите за да изградат поиздржлив и флексибилен бизнис. Оваа стратегија подразбира премин од зависност од еден доставувач или една локација кон соработка со повеќе доставувачи за набавка, производство и/или услуги од повеќе различни места. Во целина, диверзификацијата им помага на компаниите полесно да ги преживеат дисрупциите – делумно преку намалување на ризиците, а исто така нуди и можности за заштеда на трошоци, иновации и зголемена флексибилност.
Придобивки од диверзификацијата на синџирот на снабдување
Диверзификацијата на синџирот на снабдување не е само моден тренд, туку стратегија што го трансформира начинот на кој компаниите ги управуваат своите операции и ресурси. Во глобализираната економија, која е подложна на бројни непредвидливи фактори – како што се економски кризи, природни катастрофи или политички превирања – диверзификацијата обезбедува клучни предности кои овозможуваат поголема стабилност и адаптивност. Преку стратегиски избор на по-
веќе доставувачи, производствени капацитети и локации, компаниите не само што ги минимизираат потенцијалните ризици, туку истовремено создаваат услови за
зголемена флексибилност и иновации. Во продолжение ќе ги разгледаме петте најзначајни придобивки што ги носи оваа стратегија, и како тие директно влијаат врз ефективноста, конкурентноста и долгогодишниот успех на бизнисите.
1. Намалување на ризикот
Пандемијата на ковид-19, со своите долготрајни последици, ја откри ранливоста на синџирите на снабдување кои се потпираа на многу мал број доставувачи или
имаа производство само на едно место. Како што продолжи кризата, стана јасно дека токму компаниите со поразновиден пристап кон логистиката и работењето беа најподготвени за предизвиците што ги донесе пандемијата. Типичен пример за тоа како ограничен број производители можат да влијаат врз целиот синџир е
индустријата со микрочипови. Во текот на пандемијата, а и потоа, светот се соочи со недостиг на овој тип производи. Иако пандемијата повеќе не е активен проблем за многу компании, денешната геополитичка и еколошка ситуација сè уште ги мотивира компаниите да се одлучат за диверзификација. Со проширување на бројот на доставувачи и производствени локации, односно избегнување зависност од една држава или регион, компаниите можат да избегнат големи дисрупции при природни катастрофи или политички кризи.
2. Изградба на отпорноста
Познатата изрека Не ставај ги сите јајца во една кошница важи и за синџирот на снабдување. Преку диверзификација, тој станува поотпорен и подобро подготвен
да се справи со неочекувани промени, овозможувајќи им на бизнисите непречено да продолжат со своето работење. Со соработката со повеќе доставувачи – било за еден дел или за целосен производ – значително се намалуваат проблемите со снабдувањето. Ако еден доставувач не може да ги исполни потребите на компанијата, друг може да го преземе тоа. Освен тоа, компаниите што работат во повеќе региони со различни производствени, магацински и продажни капацитети, можат да ги избегнат проблемите поврзани со прекугранично движење на сто- ки. Производството и продажбата се одвиваат во истиот регион, па ако настане проблем во еден регион, друг може да ја преземе работата. Дополнително, соработката со логистички партнери што нудат различни видови транспорт и маршрути помага во минимизирање на влијанието при прекини во синџирот.
3. Поттикнување иновации
Деценијата што следува се очекува да биде силно дигитализирана, со постојани појави на нови технологии и решенија. Со диверзификација, компаниите можат
да соработуваат со доставувачи што располагаат со различни технологии и иновации, кои може да го подобрат квалитетот на производите, процесите и брзината на производство. Оваа разновидност им овозможува на компаниите да останат конкурентни на пазар што брзо се менува. Одличен пример за тоа е модната индустрија, каде што многу брендови користат нови технологии за да ги намалат потрошувачката на енергија и отпадот.
4. Усогласеност со регулативите
Друг клучен тренд во тековната деценија е зголемувањето на регулативите, особено во областа на царинското работење. Со глобалниот напор за справување со климатските промени и еколошките предизвици, компаниите се соочуваат со зголемен број трговски правила и прописи. Овие регулативи најчесто имаат цел да ја зголемат транспарентноста како што е случајот со европските регулативи за животна средина, општествена одговорност и корпоративно управување. Иако се креирани да не создаваат дополнителна сложеност или неправедно оптоварување, некои правила сепак може да станат трговски бариери.
Овие бариери можат да ги поттикнат компаниите да ги преиспитаат своите процеси и пристапи за да бидат усогласени, да ги намалат ризиците и дури и да ја зголемат конкурентноста. Со приближување до домашни или регионални партнери, компаниите можат полесно да се усогласат со локалните прописи, намалувајќи ја комплексноста на работењето низ повеќе правни системи.
5. Управување со трошоцитеи зголемена флексибилност
Диверзифицираните синџири на снабдување се пофлексибилни и поагилни од тие што се потпираат на еден извор. Тие се подобро позиционирани за брзи реакции
на пазарните побарувања – можат да го зголемат или намалат обемотна работа во зависност од ситуацијата. Компаниите можат брзо да ги приспособат операциите според флуктуациите на пазарот, без да бидат ограничени од капацитетите на еден доставувач или пристапноста на некоја локација, како што беа затворањата на пристаништа за време на пандемијата. Иако оваа флексибилност е корисна за сите индустрии, таа е особено важна за тие што се со сезонски побарувања или се соочуваат со чести промени на преференциите на потрошувачите. Дополнително, повеќе доставувачи значат поголема конкуренција и подобра преговарачка позиција, што води до подобра контрола врз трошоците.
Како да се почне со стратегијата за диверзификација на синџирот на снабдување?
По години исполнети со нарушувања и предизвици, сè повеќе компании ја ставаат отпорноста на прво место. Тие сфаќаат дека треба повторно да го осмислат својот синџир на снабдување и да го диверзифицираат каде што е можно. Со тоа прават стратешки чекор кон создавање поотпорен систем.
Преку диверзификацијата компаниите можат да ги намалат ризиците, подобро да управуваат со трошоците, да поттикнат иновации, да обезбедат усогласеност со регулативите и да ја зголемат флексибилноста, со што ќе ја зголемат отпорноста на својот бизнис. Оваа стратегија им овозможува подобра подготвеност за справување со неизвесностите, искористување нови можности и постигнување одржлив пораст во постојано променливата глобална економија. Постојат многу докази дека стратегијата за диверзификација на синџирот на снабдување добива сè поголема примена. Со зголемената геополитичка нестабилност многу компании веќе почнаа да размислуваат за регионализација како дел од своите деловни модели. Додека светот се соочува со сè поголем број регулативи поврзани со еколошките, социјалните и прашањата за корпоративно управување, како и со континуирани политички и климатски предизвици, компаниите бараат начини да го заштитат својот бизнис. Иако иднината не може со сигурност да се предвиди, стратегијата за диверзификација на синџирот на снабдување, во комбинација со регионалниот пристап, може да биде најотпорната и најодржливата опција што компаниите можат да ја применат.