.webp&w=1920&q=100)
Групацијата „Реве“ повторно ја потврдува својата улога како водечки иноватор во германскиот формат на мали продавници
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Групацијата „Реве“ повторно ја потврдува својата улога како водечки иноватор во германскиот формат на мали продавници. Овој малопродажен гигант ја отвори својата прва Rewe To Go продавница на одморалиште на автопат и ја прошири мрежата на автономни продавници Rewe Ready. Овој развој ѝ дава на групацијата предност пред конкуренцијата во малопродажбата на бензински пумпи, проширувањето на мали формати и интеграцијата со мобилноста. Во споредба со другите европски пазари, германскиот пазар сè уште е недоволно развиен во однос на „convenience“ продавниците со мала површина.
Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар
Ново одморалиште – нова Rewe To Go
Германската компанија „Реве“ ја отвори првата Rewe To Go продавница на автопатското одморалиште Рунерн норд. Ова не претставува само територијално проширување, туку и продолжување на инвестициите во стратешки важен сегмент каде „Реве“ е пионер на германскиот пазар малопродажба во мали, практични формати.
Оваа пилот локација е развиена во соработка со „Лекерланд“, велепродавач за convenience производи кој е во сопственост на „Реве“. Со помош на логистичката и набавна експертиза на „Лекерланд“, „Реве“добива структурна предност во категориите разладена храна, готови оброци и производи за импулсивна куповина. Новата продавница нуди „земи-и-оди“ асортиман, внатрешна пекарница и топли јадења прилагодени на потребите на патниците. Со електрични полначи, бензинска пумпа и тоалети, одморалиштето се трансформира во прометна малопродажна точка.
„Реве“ – лидер во иновации во германскиот convenience сегмент
Форматот Rewe To Go веќе опфаќа над 900 продавници низ Германија, најголемиот дел интегрирани со бензинските пумпи „Арал“ преку ексклузивно партнерство со германскиот огранок на „Бп“. Ниеден друг трговец со прехрана во Германија моментално не е активен во овој сегмент на исто ниво. Конкурентот „Едека“ има партнерство со „Шпар експрес“, но не го достигнал обемот на „Реве“.
„Алди“ и „Лидл“ направија ограничени обиди за влез во мали урбани формати. „Алди суд“ тестираше мали продавници во Велика Британија и Австралија („Алди стоп локал„ „Алди корнер стор“но не и во Германија. „Лидл“ отвори пилот-продавница во центарот на Минхен (2019), но поради недоволна исплатливост, концептот не беше проширен.
Практична близина – германска перспектива
„Екосистем на практична близина“ на „Реве“ претставува сериозна конкурентска предност. За разлика од Полска, каде илјадници микро-франшизи како „Жапла“ и „абц“ се дел од секојдневието, Германија нема слична мрежа на микро-продавници. Традиционалните киосци се фокусирани на тутун и печат. Малопродажбата во Германија најчесто се поврзува со супермаркети „Реве“ или „Едека“, или дисконтери како „Алди“ и „Лидл“ во пошироката околина. „Реве“ е првиот голем трговец што го редефинира концептот на „соседска“ малопродажба во германски услови.
Автономни продавници и нови технологии
Покрај партнерствата со бензински пумпи, Rewe развива и автономни продавници, паметни продавници без каси и хибридни формати како „Реве то го ев лаунџ“ и „Реве реди“. Последната „Реве реди“ продавница, голема само 18 м², беше отворена пред половина година на „Каменер круц“ – најголемата станица за брзо полнење електрични возила во Германија. Оваа продавница работи 24/7, користи AI поддржана grab-and-go технологија, и дополнително го шири присуството на „Реве“ во дигитално поткрепена малопродажба покрај патиштата.
Заклучок
Со отворањето на својата прва Rewe To Go продавница на автопат, „Реве“ не само што влегува во канал со висок потенцијал, туку и ја зацврстува својата лидерска позиција на германскиот „convenience“ пазар. Благодарение на вертикално интегрирана логистика преку „Лекерланд“, ексклузивното партнерство со „Арал“ и континуираниот развој на скалабилни формати за готова храна, „Реве“ има изградено конкурентен простор во кој засега нема вистинска конкуренција.
Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот. Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.