
Трендовите укажуваат на висок степен на финансиска адаптација и рационализација на потрошувачките навики, што е заеднички именител за сите земји од регионот.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трендовите укажуваат на висок степен на финансиска адаптација и рационализација на потрошувачките навики, што е заеднички именител за сите земји од регионот.
Извор: „Валикон“
Анализата на финансиската состојба на потрошувачите од регионот АДРИА за првиот квартал од 2025 година покажува општо влошување, при што довербата во личната финансиска стабилност останува кревка или дополнително се влошува во повеќето земји.
Продлабочување на финансиската несигурност
Во Словенија индексот покажува мало влошување, со пад од -11 во првиот квартал на 2024 година на -13 во истиот период од 2025 година. Хрватска, која претходно во 2024 година бележеше позитивни вредности, сега регистрира пад на индексот од 2 на -2, со што се губат позитивните сигнали и се враќа песимизмот меѓу населението. Босна и Херцеговина се соочува со најсилно влошување на финансиската состојба во регионот. Индексот се намалува од -19 на -35, што укажува на драматично зголемување на бројот на домаќинства што се чувствуваат финансиски понесигурни. Иако Србија е единствената земја што бележи подобрување, индексот на финансиската состојба останува длабоко во негативната зона (графикон 1).

Потрошувачите од регионот АДРИА – внимателни и воздржани
Кога станува збор за индексот – ниво на потрошувачка во регионот АДРИА, првиот квартал од 2025 година покажува влошување на нивото на потрошувачка во речиси сите земји, со исклучок на Словенија, каде што е забележано маргинално подобрување.
Словенија бележи благо закрепнување, од -40 во првиот квартал на 2024 година на -38 во истиот период од 2025 година. Хрватска, напротив, покажува значително влошување, со пад на индексот од -30 на -48, што го позиционира пазарот како еден од најпогодените во регионот. Најдраматичен пад е забележан во Босна и Херцеговина, каде што индексот се намалил од -38 на -68, што укажува на сериозна ерозија на довербата и силно ограничување на домашната потрошувачка. Србија, исто така, бележи негативна динамика, со пад од -39 на -46, што ја продолжува низата на негативни квартални резултати.

Заштедите на потрошувачите во Адриа Регионот остануваат предизвик
Податоците за навиките на заштеда на потрошувачите во Адриа Регионот покажуваат сложена слика, во која се испреплетени знаци на зголемена финансиска воздржаност и истовремено загрижувачки сигнали за намалување на расположливите лични резерви.
Во Словенија 41% од испитаниците изјавиле дека нивната заштеда останала иста како досега, што укажува на стабилна, но незначително подобрена финансиска состојба, а само 8% пријавиле зголемен износ на заштеда. Во Хрватска, 31% од испитаниците изјавиле дека нивната заштеда е непроменета, додека највисок процент (14%) во однос на другите земји е забележан од оние што велат дека имаат зголемена заштеда во последните три месеци. Во Босна и Херцеговина ситуацијата е најзагрижувачка. Дури 28% од потрошувачите велат дека им се намалени заштедите, додека само 7% пријавиле зголемување на заштедите во последните три месеци. И во Србија е забележана слична динамика како и во Босна и Херцеговина. 27% од испитаниците изјавиле дека повеќе не успеваат да заштедат иако тоа го правеле во изминатиот период. Како и во БиХ, и во Србија само 7% пријавиле зголемување на заштедите во последните три месеци (графикон 3).

Промени во навиките за купување во земјите од Адриа Регионот
Податоците покажуваат дека граѓаните од земјите од Адриа Регионот — Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија — значително ги приспособиле своите потрошувачки навики како одговор на финансиските предизвици (графикон 4). Најголем дел од испитаниците редовно купуваат производи на попусти, при што највисок процент е забележан во Хрватска (72%), следена од Словенија и Србија (по 66%), додека најнизок процент е забележан во БиХ (56%).
Трендовите укажуваат на висок степен на финансиска адаптација и рационализација на потрошувачките навики, што е заеднички именител за сите земји од регионот.
Главни грижи на Адриа Регионот: Инфлацијата во фокусот, политичките случувања сè поважни
Граѓаните од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија најмногу ја чувствуваат инфлацијата како главен економски притисок, покажуваат резултатите од најновото истражување. Највисоко ниво на загриженост за инфлацијата е забележано во Босна и Херцеговина (70%) и Србија (68%), додека Словенија ја бележи најниската загриженост од овој тип (48%).
Покрај економските фактори, политичките случувања во земјата, но и вредноста на личниот имот, остануваат едни од најголемите грижи на граѓаните од регионот (графикон 5).
.jpg)
Повеќе од половина од граѓаните во Адриа Регионот чувствуваат пад на квалитетот на живот по 2020 година
Жителите на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија доминантно сметаат дека нивниот квалитет на живот се влошил во споредба со периодот пред 2020 година. Истражувањето открива дека најголемо чувство на влошување е присутно кај граѓаните на Хрватска (64%). Следуваат Босна и Херцеговина со 61% и Словенија со 57% и Србија со 50% (графикон 6).

Методолошки податоци
Истражувањето #Newnormal го следи животот на граѓаните за време и по ковид-епидемијата. Онлајн-истражување Opinia.Club веб-панел, репрезентативна примерок, 18-75 години. SLO: n = 528, CRO: n = 521, BiH: n = 529, Serbia (SER): n = 527. Период: Од 18 до 21.2.2025