.webp&w=1920&q=100)
Основан во 1932 година, финскиот синџир продавници „Алко“ е еден од ретките преостанати државни монополи за продажба на алкохол во Европа.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со формат на продавница каков што не постои никаде на друго место во Европа „Алко“ е фински државен синџир за продажба на алкохол кој работи под строги законски и општествени правила. Оваа ексклузивна репортажа од терен нуди увид во тоа како еден монопол во продажбата на алкохол се позиционира на либерализираниот пазар.
Автор: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар
Основан во 1932 година, финскиот синџир продавници „Алко“ е еден од ретките преостанати државни монополи за продажба на алкохол во Европа. Работи под надлежност на Министерството за социјални прашања и здравство, а првично имал ексклузивно право за продажба на сите пијалаци со повеќе од 5,5% алкохол.
Првичната мисија на компанијата и денес го дефинира нејзиното работење: намалување на штетното влијание на алкохолот врз општеството, преку понуда на внимателно избрани, квалитетни производи.
Познат како „национален сомелиер“, „Алко“ управува со повеќе од 369 физички продавници и над 10 пунктови за подигнување на нарачки низ Финска. Неговата онлајн продавница нуди околу 11.000 различни артикли, додека физичките продавници, зависно од локацијата, имаат од 500 до 2.500 производи. Вработените се обучени да даваат персонализирани совети, а атмосферата потсетува повеќе на специјализирана винотека отколку на класична продавница.
Маркетингот во продавниците е строго регулиран: забранети се ценовни промоции за пијалаци со повеќе од 22% алкохол, излозите не смеат да содржат промотивни пораки, а крос-продажба не е дозволена. Строго се спроведува проверка на возраста, а продавниците не работат во недела. Според законот, минималната возраст за купување пијалаци со над 22% алкохол е 20 години, додека за послаби пијалаци е 18 години.
„Алко“ и натаму се позиционира како одговорен управувач со алкохолната категорија – нудејќи услуга, а не поттикнување потрошувачка.
Но, пазарот се менува. Од јуни 2024 година, на финските супермаркети им е дозволена продажба на ферментирани пијалаци до 8% алкохол, наместо досегашните 5,5%. Претходната реформа од 2018 година веќе ја подигна границата од 4,7% на 5,5%.
Иако промената од 2024 година зафати само околу 4% од асортиманот на Alko, ефектите беа видливи: само во јуни 2024, продажбата по литар опадна за 8%, а вкупната количинска продажба во првата половина од годината се намали за 5,5%. Според изјава на претставник на компанијата за „Џаст дринкс“, бројот на продажни места достапни за потрошувачите се зголемил дури 12 пати, а работното време за продажба на алкохол е продолжено за 20%, што целосно ја промени динамиката на пазарот.
Тоа го става „Алко“ во предизвикувачка позиција: може ли државниот синџир за продажба на алкохол да остане релевантен на пазар што се либерализира? Засега, „Алко“ останува уникатен случај во модерната малопродажба – компанија чија суштина е умереност, а не раст.
Посета на продавницата
Продавницата „Алко“ во трговскиот центар „Џамбо “ има уреден, елегантен влез без промотивни пораки – во склад со некомерцијалниот пристап. Новина: натпис што ги информира купувачите дека полиците се дополнуваат „околу 11 часот“.

„Алко“ користи јасни натписи на таванот на фински и шведски јазик за полесно пронаоѓање категории како жестоки пијалаци, пиво и коктели. Мирниот и пространо организиран распоред го нагласува советувањето, а не импулсивната купувачка.

Ограничени серии вина се означени како „Erikoiserä“ (специјално издание). Топлото осветлување и повеќејазичните пораки на таблите додаваат шарм на просторот.

Сезонската поставка со розе пенливи вина е истакната со табли на фински и шведски. Амбиенталната презентација, без истакнати цени, ги насочува купувачите на визуелно откривање производи.

Рекламен знак ги повикува купувачите да ги истражат винските региони на светот, истакнувајќи го „Алко“ како едукатор, а не како промотер. Пораката гласи: „Кога ќе ожеднете за знаење за винските региони, посетете: alko.fi/viinialueet“.

„Алко“ нуди етикети со податоци за производите – вклучувајќи опис на вкусот, препораки за спарување со храна и QR-кодови. Дрвените носачи го нагласуваат премиум имиџот и одржливоста.

Од една точка, купувачите може лесно да се ориентираат благодарение на двојазични ознаки што ги покажуваат категориите, земјите на потекло и видот на пакување – продавницата е прегледна и за првпат посетители.

Наместо нападни промоции, „Алко“ користи едноставни дрвени рамки со минимални натписи. Јасна поделба на категории – коктели, десертни вина, жестоки пијалаци – помага за полесна навигација.

Вината во „bag-in-box“ пакување имаат посебен простор со јасни ознаки. Овој тип пакување, популарен во Финска, е истакнат и како најодржлива опција во споредба со стаклото.

Информативна табла ги прикажува CO₂ емисиите за различни видови пакувања – од тешки стаклени шишиња до „bag-in-box“ решенија. Порака: „Пакувањето не е прашање на вкус – туку на климата“.

Секцијата со шампањи е истакната со дигитален екран за препораки за ускладување со храна и сезонски пораки. Пристапот останува едноставен, без агресивна промоција.

Расладениот дел со пенливи и други готови пијалаци е дизајниран за практичност, без ценовни акции. Натписите се на три јазици, фински, шведски и англиски за лесно снаоѓање и за странски посетители.

Рачно напишани препораки од вработените даваат личен допир – името, препораката и цената се напишани опуштено, комбинирајќи стручност и пристапност.

Вината во лесни пакувања (вреќи) се претставени во модерно уреден простор – дополнително намалување на CO₂, разновидна понуда и одржлив имиџ.

Централна табла објаснува симболи на етикетите: профил на вкус, препораки за храна, карактеристики на производот. Во секцијата за рум и коњак, едукативни пораки ја заменуваат промоцијата.

Дигитален екран на крајот промовира ускладување на храна и вино, а не ценовна продажба. Рецептот за „Рижото Миланезе и бело вино со цитрусни ноти“ води до веб-страницата.

Секцијата за безалкохолни пијалаци (до 0,5% алкохол) е јасно обележана. Модерниот дизајн и целосната понуда укажуваат на тоа дека опциите со малку или без алкохол се рамноправни во понудата.

Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот. Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.