.webp&w=1920&q=100)
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Новиот извештај во рамките на рубриката „Посета на продавница“ нуди визуелен увид во уникатниот малопродажен концепт на „Ла кокос“, најбрзо растечкиот оператор на хипермаркети во Романија и неодамнешна мета на аквизиција од германската групација „Шва
Новиот извештај во рамките на рубриката „Посета на продавница“ нуди визуелен увид во уникатниот малопродажен концепт на „Ла кокос“, најбрзо растечкиот оператор на хипермаркети во Романија и неодамнешна мета на аквизиција од германската групација „Шварц“.
Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар
За разлика од традиционалните формати, „Ла кокос“ комбинира стоки во големи количества со индустриски, поедноставен распоред на продавницата, што овозможува оперативна ефикасност и конкурентни цени.
Фотографиите направени на локацијата во Плоешти илустрираат како „Ла кокос“ постигнува јасност по категории, јасна ценовна перцепција и непречен проток на купувачи низ својот препознатлив BMPL (Buy More, Pay Less) модел на цени, ограничен но стратешки одбран асортиман и палетна презентација на производите.
Посетата исто така открива високо ниво на домашно снабдување во комбинација со фокус на брендовите – елементи кои му помогнале на „Ла кокос“ да ги надмине поголемите конкуренти според приход по продавница и профитабилност.
Посета на продавницата
Влезот во продавницата „Ла кокос“ во Плоешти е обележан со препознатливото црвено лого на синџирот и маскотата со петел со количка. Романските знамиња нагласуваат силен национален идентитет на пазарот на храна, каде доминираат меѓународни играчи.

Слоганот „Supermarketul ce ține cu casa“ („Супермаркет што се грижи за домаќинството“) ја пренесува пораката на достапност. Ентериерот е едноставен дури и кај категории со висока вклученост како алкохолот, со цел да покаже дека заштедите се пренесуваат директно на купувачот.

Самоуслужниот дел за свежи производи користи ниски ладилници и ѕидни витрини за јасен приказ на понудата. Ѕидните реклами ги истакнуваат домашните брендови.

Месниот сектор прикажува големи количини свежо месо во вакуум и MAP пакување, со доминација на пакувања поголеми од еден килограм. И тука е нагласено домашното снабдување со романско знаме.

Во секторот со суви производи, моно палетите и скалестите цени со висока видливост овозможуваат брз и лесен избор.

Секој оддел во продавницата јасно ја истакнува посветеноста на „Ла кокос“ кон поддршка на романските купувачи.

Секторот за пијалаци е доминиран од меѓународни брендови, но со видлива застапеност на домашни производители на пиво.

Полскиот бренд Tymbark е меѓу највидливите во овој сегмент.

Правилото за изложување гласи: една палета = еден SKU. „Улиците“ од палети ја олеснуваат ориентацијата на купувачите и ја прават изложбата ефикасна за персоналот.

Комуникацијата со купувачите е сведена на минимум – пример: натписот „Cu Sare“ (со сол) разликува семки од сончоглед со и без сол.

И во сувиот дел се истакнуваат категориски лидери од други земји, како што е Kamis – полски бренд зачини.

Едноставната презентација не значи низок квалитет: пример е изложувањето на Davidoff кафе и пенливо вино од познатата молдавска винарија „Кричова“, едно до друго.

Поради едноставната поставеност, поефектни презентации, како буре за вино, доаѓаат до израз.

Во секторот за слатки, се издвојуваат познати брендови како Heidi (романска чоколада), Rom и украинскиот Roshen, што ја нагласува вредноста на бренд-асортиманот за вложените пари.

Целиот формат повикува на „one-stop shopping“ мисија и купување во големи количества.

Пијалаци со висока вредност се продаваат на посебен пулт во близина на касите.

Се забележува дека купувачите често купуваат директно транспортни пакувања, подготвени за полиците.

Во споредба со други големи трговци, прометот на купувачи е на историски максимум – дури и без флаери или дневни промоции.

Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот. Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.