
Во малопродажниот пејзаж каде што форматите со голема површина постепено губат на значење низ Европа, „Костко“ се шири со модел што му пркоси на тој тренд
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во малопродажниот пејзаж каде што форматите со голема површина постепено губат на значење низ Европа, „Костко“ се шири со модел што му пркоси на тој тренд. Американскиот големопродажен гигант ќе го отвори својот втор магацин во Шведска, во близина на Малме, во јули 2025 година. Посетата на првата и единствена „Костко“ локација во Северна Европа, која се наоѓа кај Стокхолм, открива стратегија за раст: едноставен бизнис модел, ограничен асортиман и ниски цени според принципот на купување на големо, на продажна површина од 13.300 квадратни метри.
Автор: Себастијан Ренак, меѓународен аналитичар за малопродажба
„Костко“ ја продолжува својата селективна експанзија во Европа со отворање на втор магацин во Шведска, кој ќе биде лоциран во близина на Малме и ќе биде отворен во јули 2025. Овој чекор доаѓа по влезот на пазарот на Северна Европа пред три години со локацијата кај Стокхолм и претставува дополнување на ограничената, но растечка мрежа во Европа. До август 2024 година, „Костко“ имаше 29 објекти во Обединетото Кралство, пет во Шпанија, два во Франција и по еден во Исланд и Шведска.
Овој велепродавач го зазема петтото место на листата на најдобри глобални трговци на Националната федерација за малопродажба за 2025 година, врз основа на нето-продажба од 250 милијарди американски долари. Финансискиот извештај за фискалната година што заврши во август 2024 година покажува нето-профитна маржа од 3,0%, што укажува на стабилна профитабилност и покрај ценовно достапното позиционирање. Глобално, компанијата управува со 890 магацини, а новите објекти отворени во 2024 година остваруваат просечна годишна продажба од 170 милиони долари, додека постарите локации, отворени пред 2015 година, достигнуваат и до 280 милиони.
Бизнис моделот на „Костко“ се заснова на платено членство, кое ги таргетира и малите и средни претпријатија, но и приватни домаќинства. Членството важи глобално и во физичките продавници и преку интернет на веб-страницата Costco.com. Асортиманот вклучува прехранбени, свежи и непрехранбени производи, но стратегијата за распоредување на производите се фокусира на големи пакувања и ограничен избор. Резултат на тоа е дека продавниците просечно нудат околу 4.000 уникатни артикли (SKU), иако просечната продажна површина изнесува околу 13.500 квадратни метри. Околу третина од продажбата доаѓа од сопствениот бренд Kirkland Signature, кој вклучува прехранбени и непрехранбени производи.
Покрај малопродажбата, „Костко“ има и внатрешно производство преку сопствени капацитети, вклучувајќи пакување храна, преработка на месо, оптички услуги и дистрибуција на накит, што овозможува подобра контрола на трошоците и диференцијација во клучните категории.
Посета на продавница
Магацинот „Костко“ во Арнинге, близу Стокхолм, има продажна површина од 13.300 м² и нуди широк асортиман во класичен магацински распоред. Непрехранбените категории се поставени веднаш на влезот – телевизори, облека и сезонски производи први ги пречекуваат купувачите.

Производите се изложени во едноставно индустриско опкружување, со фокус на ефикасност наместо естетика.

Облеката е изложена со обоени етикети според број, за полесен избор.

Текстилниот дел е уреден со фокус на логистика – производите се во големи количини, без декоративни елементи.

По едно палетно место по артикл – што го олеснува полнењето и го зголемува обртот.

Промотивниот распоред следи принцип „маса продава маса“ – големите пакувања ја засилуваат пораката за вредност.

Стандардни се големи пакувања, како на пр. мрежа со пет авокада.

Пекарата е компактна, но нуди нарачки за торти, а отворената изработка привлекува внимание.

Категориите со свежа храна се самопослужувачки, со производство кое може да се гледа преку стаклените ѕидови.

Се нагласуваат високи хигиенски стандарди, што влева доверба во квалитетот.

Доминираат подготвени оброци и исецканото овошје.

Kirkland Signature е застапен во сите категории вклучувајќи и практични свежи производи.

Исто така, понудени се готови оброци, како пиците направени на лице место.

Млечните производи и сирењата се изложени во големи пакувања, со акцент на брзината.

Пијалаците се распоредени долж палети во редови, со добра прегледност.

Палетите на краевите на рафтовите сугерираат „агресивни цени".

Широки, добро осветлени ходници го одржуваат магацинскиот изглед, нема музика ни декорации.

Пакувањата се значително поголеми отколку кај шведските конкуренти, како што е маслото за јадење од 10 литри.

Количките се преголеми, дизајнирани за големи купувања што одговара на „Костко“ моделот.

Се нудат повеќе од десет дегустации, со цел поддршка на продажбата на големи пакувања.

Во близина на касите се категориите поврзани со здравјето. козметика, нега за бебиња и велнес.

Аптеката е со стручен персонал и во неа се продаваат лекови на рецепт за луѓе и за домашни миленици.
Три лица на каса: едно растовара, едно скенира, едно пакува – количките се одделени од купувачите за поголема ефикасност.

Ресторанот е лоциран на излезот, со места за седење – најбарани се пиците и хот-догови, кои се направени на лице место.

Центарот за гуми се наоѓа во близина на излезот и овозможува замена на гуми додека купувачите пазаруваат.

„Коскто“ поттикнува членство преку ваучери и препораки кои носат попусти и купони за угостителски производи.

Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот. Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.