
Прогнозите се дека категоријата ќе достигне вредност од 3,6 милијарди денари во 2025 година
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Прогнозите се дека категоријата ќе достигне вредност од 3,6 милијарди денари во 2025 година
Извор: „Еуромонитор интернационал“, www.euromonitor.com
Според податоците на „Еуромонитор“, сладоледот и смрзнатите десерти во Македонија се негативно погодени од пандемијата на ковид-19 во 2020 година, поради карантинот, кој ги попречи дневните рутини на потрошувачите.
Клучни наоди:
Сладоледите и смрзнатите десерти бележат пад на вредносната продажба во трговијата на мало за 1% во 2020 година, со што таа изнесуваше 2,7 милијарди денари.
Млечниот сладолед во поголеми пакувања забележува најголем пораст на вредносната продажба во трговијата на мало, кој минатата година изнесуваше 2%, достигнувајќи 8 милиони денари.
Табела 1
Големина на пазарот на С. Македонија – вредносна продажба
| Категорија | Тип на податоци | Единица | Тековна константа | 2019 година | 2020 година |
| Сладоледи | малопродажна цена | милијарди денари | тековни цени | 2,6 | 2,6 |
| Смрзнати десерти | малопродажна цена | милијарди денари | тековни цени | 0,1 | 0,1 |
| Сладоледи и смрзнати десерти | малопродажна цена | милијарди денари | тековни цени | 2,7 | 2,7 |
Табела 2
Големина на пазарот на С. Македонија – годишен пораст во проценти
| Категорија | Тип на податоци | Единица | Тековна константа | 2019/2020 година |
| Сладоледи | малопродажна цена | милијарди денари | тековни цени | -1,2% |
| Смрзнати десерти | малопродажна цена | милијарди денари | тековни цени | 2,7% |
| Сладоледи и смрзнати десерти | малопродажна цена | милијарди денари | тековни цени | -1% |
Просечната малопродажна цена на сладоледите и смрзнатите десерти забележа пораст од 2% во периодот на анализа во 2020 година.
„Нестле Адриатик“ – Македонија продолжува да биде на лидерското место во категоријата сладолед и смрзнати десерти во 2020 година, со удел од 18% во вредносната продажба во трговијата на мало.
Прогнозите се дека категоријата вредносно ќе бележи годишна стапка на пораст од 6% во трговијата на мало (годишна стапка на пораст од 4% во 2020 година) во текот на следните пет години и ќе достигне 3,6 милијарди денари во 2025 година.
Табела 3
Топ-компании според уделот на брендовите во вредносната продажба на категоријата
| Категорија | Компанија | Тип на податоци | 2020 година |
| Сладоледи и смрзнати десерти | „Нестле Адриатик“ – Македонија | малопродажна цена | 1 |
| Сладоледи и смрзнати десерти | „Унилевер“ | малопродажна цена | 2 |
| Сладоледи и смрзнати десерти | „Цермат“ | малопродажна цена | 3 |
| Сладоледи и смрзнати десерти | „Фриком“ | малопродажна цена | 4 |
| Сладоледи и смрзнати десерти | „Марс“ | малопродажна цена | 5 |