
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Следејќи ги современите навики и потреби на потрошувачите, „Гранд кафе“ продолжува да ја развива категоријата домашно кафе, спојувајќи ги традиционалните ритуали со динамичниот начин на живот. Во новата кампања за производот Grand Duo учествуваат познатите актери Воислав Воја Брајовиќ и Милан Мариќ.
Grand Duo, нов производ во портфолиото на „Гранд кафе“, го носи препознатливиот мирис и вкус на домашното кафе, со дополнителна практичност при подготовката.
Благодарение на внимателно комбинираните суровини и посебната техника на мелење, Grand Duo може да се подготви на два начина – со традиционално варење во ѓезве или со едноставно прелевање со врела вода директно во шолјата.
Амбасадори на брендот Grand Duo се актерите Воислав Брајовиќ и Милан Мариќ, кои во новата рекламна кампања го подготвуваат кафето секој на свој начин.
Иако дебатата за тоа кој начин на подготовка е подобар би можела да трае со часови, овојпат нема победник – бидејќи и двајцата се во право.
Додека Воја Брајовиќ останува верен на традицијата и ритуалот на подготовка на домашно кафе во ѓезве, уживајќи во секој чекор од процесот и во препознатливата арома што го исполнува просторот, Милан Мариќ претставува поинаков пристап, приспособен на динамичното темпо на современиот живот.
Тој покажува дека до омилената шолја домашно кафе може да се стигне брзо и едноставно, со прелевање врела вода директно во шолјата, без дополнително време за подготовка, а со истиот мирис и вкус на кои се навикнати љубителите на домашното кафе.
Од брендот порачуваат дека Grand Duo носи ново искуство во уживањето во домашното кафе, покажувајќи дека иновациите не мора да го менуваат она што потрошувачите го сакаат, туку можат да понудат повеќе можности за уживање во традиционалниот вкус.