
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговската групација „Ахолд Делез“ (Ahold Delhaize) потпиша нов виртуелен договор за купување електрична енергија (vPPA) во Европа, со кој ќе го поддржи развојот на еден ветерен и еден соларен парк во Романија.
Двата проекта ги развива компанијата „Резолв Енерџи“ (Rezolv Energy SA), производител на енергија од обновливи извори кој работи во Централна и Југоисточна Европа. Почетокот на нивното комерцијално работење се очекува во текот на 2029 година.
Копнениот ветерен парк Dunarea East ќе биде лоциран во округот Констанца, а се очекува годишно да произведува околу 780 гигават-часови (GWh) електрична енергија.
Соларниот парк Dama ќе биде изграден во округот Арад и е предвидено да стане најголемиот копнен проект за обновлива енергија во Европската Унија.
Со околу два милиона соларни панели, овој парк се очекува да произведува приближно 1.800 GWh електрична енергија годишно.
Заедно, двата енергетски капацитета ќе произведуваат доволно електрична енергија за снабдување на приближно 1,6 милиони домаќинства во регионот.
Според договорот, „Ахолд Делез“ ќе обезбеди околу 14% од вкупното производство на двата капацитета и ќе добива гаранции за потеклото на електричната енергија во период од десет години, почнувајќи од 2029 година.
Целта за обновлива електрична енергија ќе биде исполнета пет години порано
Со новиот договор, врз основа на проектираната потрошувачка на своите европски брендови, компанијата очекува до 2030 година целосно да ја усогласи потрошувачката на електрична енергија во европското работење со производство од обновливи извори.
Тоа значи дека поставената цел ќе биде исполнета пет години порано од првично планираниот рок во 2035 година.
Со овој договор „Ахолд Делез“ ја завршува својата актуелна европска програма за договори за купување електрична енергија (PPA).
„Задоволни сме што го поддржуваме развојот на овие ветерни и соларни проекти во Романија, кои ќе донесат нови капацитети за обновлива енергија во електроенергетската мрежа и ќе придонесат за поодржлива иднина на заедниците на кои им служиме“, изјави Ленка Душкова, финансиска директорка на „Ахолд Делез“ за Европа и Индонезија.
Овој виртуелен договор е петтиот и последен договор за купување електрична енергија што „Ахолд Делез“ го склучува во Европа во рамките на програмата.
Претходно, компанијата склучи еден директен договор за купување електрична енергија во Холандија во 2023 година, како и три виртуелни договори во Шпанија во 2024 година, Романија во 2025 година и Финска во 2025 година.
Овие договори се дел од пошироката стратегија на групацијата за зголемување на употребата на енергија од обновливи извори низ Европа и постигнување нето нулта емисија на јаглерод во сопственото работење до 2040 година, во рамките на емисиите од категориите Scope 1 и Scope 2.