Познатата фабрика за кекси и вафли „Ласта“ од Чаплина е пред нов почеток, по многубројните штрајкови, затворања и стечаи наназад низ годините.
Како што е познато, неа ја купи Петар Ќорлука, сопственик на „Виолета“, фабриката за хигиенски прозиводи, кој годинава ќе вложи околу 10 милиони евра во покренување на производството. Тој почна целосно реновирање на фабриката. Планирано е градежните работи да бидат готови до крајот на 2020 година, по што ќе следува инсталација на машините и пробно производство.
Ќорлука изјави дека негова главна цел е да го врати на пазарот брендот „Ласта“ кој ќе биде препознатлив во цел регион, и производствениот погон да работи во три смени.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.