Регион

„Атлантик група“ ѝ го продаде брендот Bebi на „Нелт група“

01 сеп 2020

„Атлантиг група“ и „Нелт група“, со седиште во Белград, склучија договор за купопродажба на брендот за детска храна Bebi.

Станува збор за широко портфолио на производи за деца и за доенчиња кои се пласираат примарно на пазарот во Русија, каде овој бренд е присутен 35 години. Брендот Bebi лани оствари 11 милиони евра приход од продажба. Со оглед на тоа дека „Нелт група“ располага со капацитети и експертиза за производство на детска храна, постоечката производна локација за брендот Bebi лоцирана во Мирна во Словенија не е дел од купопродажниот договор.

Продажбата на брендот Bebi е продолжение на процесот на дезинвестирање на малите дејности во согласност со корпоративната стратегија на „Атлантик група“. Процесот почна пред две и пол години со ослободување од сегментот спортска и активна исхрана и додатоци во исхраната. Компанијата истовремено силно се фокусира на сегментите кои се клучен генератор на пораст-храна, пијалаци и аптекарско работење, интернационализација на брендовите кои докажаа меѓународен потенцијал (Argeta, Donat Mg) и развој на дистрибуцијата. 

„Нелт група“ има 4.000 вработени на 11 пазари во Европа и Африка, примарно во дистрибутивни и логистички услуги, производство на храна и други производни и услужни дејности. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Христо Стоичков е заштитно лице на „Т маркет“

14 окт 2020

„Фриком“ донираше 45.000 сладоледи

14 окт 2020

Словенија од денеска воведува полициски час

14 окт 2020

„Белје“ го презема производството од „Мегле“?

14 окт 2020

Месната индустрија „Браќа Пивац“ планира инвестиција во Љубушки

14 окт 2020

Хрватска: „Орбико Адриа“ отвори нова веб-страница

14 окт 2020
Вчитува уште новости...