Под мотото „Паметно купување“, вратите на првата „Еуроспин“ продавница во Хрватска ќе бидат отворени на 13 август во Задар.
Италијанскиот синџир маркети ќе понуди повеќе од 2.500 артикли од сопствени трговски марки, односно цел асортиман на прехранбени и непрехранбени производи-од месарница и пекарница, овошје и зеленчук, мали апарати за во домот и останати артикли за секојдневна употреба, соопштија од „Еуроспин“.
Од таму додаваат дека нивна специфичност е да продаваат исклучиво „Еуропсин“ трговски марки, но дека ќе им дадат простор и на домашните производи.
Трговскиот синџир е основан во 1993 година во Италија и меѓу водечките дисконт-продавници во тој дел на Европа. Во Италија и во Словенија има повеќе од 1.000 маркети.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.