Компаниите „Хенкел“ и „дм дрогерие маркт“ се здружија во кампањата „Боранка“, најголемата волонтерска акција за пошумување во Хрватска, за заеднички да ги обноват опожарените подрачја во земјата.
Во акцијата можат да учествуваат сите купувачи на брендовите Persil, Silan, Somat, Vademecum, Fa и Schauma во продавниците на „дм“. Притоа, „Хенкел“ и „дм“ ќе донираат 5.000 садници.
Секоја посадена садница е нов извор на чист воздух, а знаеме колку е тоа важно ако земеме во предвид дека Хрватска има голема површина покриена со шуми, кои, за жал, често страдаат, особено во летните месеци. Најмалку што можевме да направиме е да ја покренеме оваа акција со нашите партнери, а се надеваме и на голем придонес од нашите купувачи, рекоа од „Хенкел“.
Пораката што сакаме да ја испратиме со овој проект е дека секој треба да вложи напор и даде свој придонес кон грижата за шумите бидејќи често ја запоставуваме нашата убава природа. Исклучително сме горди на оваа соработка, изјавија од „дм дрогерие маркт“.
Иницијатор на целата акција е Сојузот на извидници на Хрватска. Изминатите две години, во рамки на кампањата, во Далмација беа посадени повеќе од 65.000 садници на опожарените шумски подрачја.