Регион

„Конзум“ им исплаќа милион ипол евра регрес на вработените

09 Jul 2020

Управата на „Конзум“ донесе одлука за исплата на регрес од по 1.200 куни (160 евра) за секој вработен.

Исплатата доаѓа откако претходно компанијата им даде на работниците и велигденски надомест во износ од по 1.000 куни како и додаток за посебни околности на работа кој го добија 9.000 вработени во маркетите, онлајн продавниците, магацините и возачите во синџирот на снабдување. 

На листата за погодности за вработените на „Конзум“ се и исплатата на божиќни бонуси, помош за новороденче во износ од по 3.360 куни и исплата на јубилејни награди за вработените по поминати 10,15,20,25,30,35 и 40 години неприканата работа во компанијата. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...