Регион

„Квенбергер“ го претстави новиот комплекс во Шимановци

23 Jun 2020

По преселувањето во новиот објект во Шимановци, австриската компанија „Квенбергер логистик“ го прошири и портфолиото услуги што ги нуди во Србија.

Барањата за услуги од логистичките компании во Србија постојано се зголемуваат, не само во областа на сервисот крос-докинг, туку и во секторот за локално складирање, но и во сегментот услуги со додадена вредност, велат од „Квенбергер логистик“ – Србија.

Компанијата во текот на мај се всели во новиот објект во Шимановци, во непосредна близина на автопатот Е-75. Современо опременото складиште е на околу 20.000 квадратни метри и располага со 2.500 палетни места. Достапни се околу 800 квадратни метри за пакување, манипулација, препакување, утовар итн., а канцеларискиот простор зафаќа 350 квадрати.

Извор: plutonlogistics.com



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...