Регион

Производите во продавниците добиваат нова ознака

17 јун 2020

Почна нов проект на Стопанската комора на Србија наречен „Создаваме во Србија“.

Како што истакнаа од Комората, тоа е еден од начините за помош и промовирање на српската економија.

Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија истакна дека тоа не е едноставна кампања за промовирање на домашните производи, туку нова филозофија. Тој додаде дека е создадена колективна ознака „ čuvarkuća“.

Купувачот кога ќе ја види ознаката во продавниците, тогаш знае дека во тој производ е вложено повеќе од 80% од српската работа и вредност, рече Чадеж.

Тој напомена дека е нова филозофија, додавајќи: Зошто би увезувале нешто ако го имаме истиот квалитет тука? Тоа е čuvarkuća" и на тој начин го чуваме домот, заклучи тој.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...