Регион

Голем вишок месо на хрватскиот пазар

08 јун 2020

Хрватските производители се соочуваат со големи залихи на месо на хрватскиот пазар затоа што трговците увезуваат поевтино месо.

Месарите во Хрватска, сега продаваат месо од Германија, Холандија и Полска, како и месо од Словенија, кое, со оглед на субвенциите, е поевтино од домашното месо.

Поради увозот, кој ги надополнува трговските полици со телешко пилешко месо со пониски цени, пазарот може да се соочи со поголеми залихи. Вистинските проблеми следуваат од втората половина на мај, бидејќи производителите на месо го приспособија производството за туристичката сезона. Бидејќи сезоната ќе пропадне, а неконтролираниот увоз не опаѓа, може да се соочиме загуби, велат од Задругата за одгледување и гоење на говеда Baby beef.

Причината за зголемениот увоз е во тоа што многу земји ги предвидоа проблеми со вишоците месо уште во март и обезбедија 100 евра субвенции по грло.

Поради деловни проблеми предизвикани од епидемијата на заболувања Ковид-19, Владата на Хрватска неодамна одобри 1,2 милиони еврa помош.

Од одобрените 1,2 милиони евра, производителите на месо добија помалку од половина од тие средства. Половина од залихите се откупени, но овие вишоци не се од времето на кризата предизвикана од коронавирусот, туку од крајот на минатата година и почетокот на годинава, додека реалните проблеми почнуваат ова лето, кога на пазарот ќе се најдат повеќе од 80.000 говеда, чие производство го темпиравме за летната сезона, вели Дарко Целовец, претседател на Задругата за одгледување и гоење на говеда Baby beef.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...