Регион

Производите на „Франк“ отсега и на интернет-продавница

04 јун 2020

„Франк“ ја претстави својата официјална интернет-продавница, нов продажен канал дизајниран според потребите и навиките на современите потрошувачи.

Интернет-продавницата содржи целосен преглед на сите производи на „Франк“ - чаеви, кафе и други пијалаци, како и производи за храна и додатоци, како што се дизајнирани чаши.

Со лесен и брз пристап преку компјутерите, лаптопите, таблетите и мобилните телефони, потрошувачите можат да ги нарачаат своите омилени производи на Франк од удобноста на сопствениот дом со само неколку клика. Производите се доставуваат на домашна адреса или како изненадување за семејството и пријателите, соопштуваат од компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...