Регион

Ледиќ: „Краш“ ќе освојува нови пазари

26 May 2020

Новиот претседател на Управниот одбор на „Краш“, Славко Ледиќ, заедно со соработниците, има намера да ја зајакне позицијата на „Краш“ на светските пазари.

Во разговор за „Јутарњи лист“, Ледиќ вели дека е горд на досегашната работа во најсилниот трговски синџир. Имено, пред да дојде на функцијата претседател на Управата на „Краш“, тој беше директор на „Конзум“.

Голема чест и одговорност е да водам компанија што следната година прославува 110 години постоење и има репутација на една од најздравите, најсилните и најконкурентните компании за храна во Хрватска. Мојата задача е да го издигнам „Краш“ на уште подобра позиција и на домашниот и на странските пазари, истакна Ледиќ.

Тој додава дека добро го познава кондиторскиот сектор и состојбата на пазарот, што во голема мера ќе му помогне за стратешка анализа и планови за понатамошен развој на компанијата: Сакам „Краш“ да се издигне во водечки производител на слатка програма во поширокиот регион. Имаме производи со врвен квалитет, способни луѓе. Планот е да се зајакне продажбата на постојните пазари, но и да се прошири бизнисот на нови.

Во моментов, најважниот инвестициски циклус за компанијата на краток рок се производствените капацитети.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...