Регион

„Горење“ ја затвора фабриката во Заечар

19 May 2020

Две години откако беше донесена одлука дека ќе се фокусира на основната дејност - производство на апарати за домаќинство и постепено излегување од други производствени активности, раководството на „Горење“ одлучи да ја затвори фабриката во Заечар за производство на санитарна опрема Gorenje home.

Фабриката, како што соопштија од „Горење“, работи долго време со значителни загуби.

Раководството во компанијата интензивно преговара со двајца потенцијални партнери кои би го изнајмиле или би го купиле просторот и капацитетите за производство и ќе овозможат повторно вработување на работниците во фабриката Заечар што е можно поскоро.

Очекуваме дека овие преговори би можеле да бидат завршени многу брзо. Двете заинтересирани партнери имаат намера да го прошират својот бизнис, така што повеќе работници би можеле да најдат работа во оваа фабрика отколку што имаме во моментот. Ова е можеби најдобриот тим на вработени што го има „Горење груп“ и затоа решението за повлекување од производство беше многу тешко за нас, рече Владо Кребс, директор на фабриката во Заечар.

Тој додаде дека одлуката да се прекине производството нема никаква врска со сегашната пандемија.

Фабриката почна со работа во 2011 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...