Од денес се обновуваат линиите за патнички авиосообраќај од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.
До крај на неделава, превозникот „Ер Србија“ најави пет летови кон Цирих и Франкфурт, а од следната недела и кон Виена и Лондон.
Очекуваме на почетокот на јуни да бидат воспоставени летови и кон регионот-Сараево, Подгорица, Тиват, Скопје и Љубљана. Првиот лет кон Љубљана го имаме веќе на 29 мај, соопштија од аеродромот.
За да влезат на аеродромот, патниците мораат да носат заштитна маска, а задолжително е редовно и темелно миење раце. Им се препорачува да дојдат три часа пред летот за да можат да се спроведат сите процедури. Странските државјани мораат да имаат негативен тест на Ковид-19 не постар од 72 часа, како и дозвола од надлежна комисија во Владата на Србија. За српските државјани негативен тест не е задолжителен, но во тој случај мораат да останат 14 дена во самоизолација.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.