Регион

Директорот на „Певекс“ зеде плата колку хигиеничарите

13 мај 2020

Претседателот на Управата на хрватскиот трговски синџир „Певекс“, Јурица Ловринчевиќ, зеде плата колку што земаат хигиеничарките во неговата компанија, кога се затворија маркетите поради пандемијата. Во понеделникот, по 40 дена  клуч на врата, маркетите повторно се отворени, а прометот им скокна за 50 отсто во споредба со истиот понеделник лани.

Не беше лесно да се види дека преку ноќ работењето паѓа на „нула“, а зад себе имаш 2.000 работници кои имаат свои животи, семејства, кредити...Бев со своите луѓе кога повторно ги отворивме продавниците и тоа беше извонреден ден! За нашите вработени, но и за купувачите, се гледаше дека се желни за продавница. Најпосле се враќаме во нормала, рече Ловринчевиќ. 

Враќајќи се наназад, тој вели дека 19 март бил шок за сите стопанственици кои мораа да ги затворат продавниците. 

Не беше едноставно од 150 милиони месечен приход, да паднеш на нула. Прво отидов кај своите вработени, им кажав дека не мораат да се грижат за работните места во следните 6 месеци, дека толку можеме да издржиме. И после ден по ден гледавме што можеме. Не намаливме ниту една нето плата, но моравме да се откажеме од два неданочни трошоци, и тоа по 400 куни за топол оброк и уште толку за наградите за остварени резултати, раскажува тој. 

За со личен пример да покаже дека е со своите вработени, Ловринчевиќ бараше од Надзорниот одбор да му ја намали платата на минималец од 4.000 куни, колку што примаат уште 28 хигиеничари и други помошни работници. 

Тоа беше мојот знак за солидарност. Намалувањето на мојата плата не ѝ значи ништо на компанијата, но со свој пример сакав да покажам дека кога е тешко сите мораме да дадеме свој придонес, кажа претседателот на Управата на „Певекс“. 

„Певекс“ во 40 дена криза изгуби 100 милиони куни, но неговиот прв човек со оптимизам вели: „Но, спасивме 200 милиони“. Имено, секој ден „грабаа“ нова, мала можност. По првичното затворање, се држеа до можноста да продаваат градежен материјал по нарачка. Преку ноќ покренаа и онлајн продажба која претходно речиси и ја немаа па стигнаа до промет од милион куни дневно. 

Извор: poslovni.hr



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...