Во сите дејности на системот за фискализација неделава, бројот на сметки е намален за 62%, а нивниот износ за 52% во споредба со истиот период минатата година, покажуваат најновите податоци на Даночната управа на Хрватска.
Од 19 до 23 април годинава, издадени се 17,3 милиони фактури во сите дејности. Вкупната вредност на сметките изнесувала 1,88 милијарда куни (249 милиони евра), што е за 51,9% помалку од идтиот период во 2019 година.
Според податоците на Даночната управа, дејностите трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли имале забележително намалување на бројот на сметки за 54%, а износот на сметките бележи пад за 47%.
Од почетокот на кризата предизвикана од вирусот корона во Хрватска, од 24 февруари до 19 април годинава, бројот на фискални сметки е намален за 35%, а нивниот износ за 22% во споредба со истиот период лани.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.