Регион

„Нилсен“ - Србија: Продажбата на мало се зголеми за 61%

14 Apr 2020

Според истражувањето на „Нилсен“, големите синџири забележале пораст од 61 процент на продажба во третата недела од март.

Дезинфекциските средства во Србија имаа најголем пораст на продажбата во третата недела од март, со неверојатни 702,9% во однос на истата недела минатата година, покажуваат податоците на „Нилсен“.

Во овој период, граѓаните во Србија купија трипати повеќе заштитни нараквици, а побарувачката за сапуни беше речиси затрипати поголема. Според „Вечерње новости“, продажбата на квасец во март се зголемила за дури 556 проценти во некои синџири на мало.

Податоците од Стопанската комора на Србија покажуваат дека најголема побарувачка за стоки за широка потрошувачка е забележана од 9 март до 16 март.

Споредено со претходната недела, во истиот месец најмногу се зголеми продажбата на брашно, дури 463 проценти и а сол 412 проценти.

Граѓаните купиле 324% повеќе риба во конзерва, 286% тестенини и 264% масло, според истражувањето на Стопанската комора спроведено во 11 најголеми синџири во Србија.

Распродадени марамчиња

Според истражувањето на „Нилсен“, големите синџири на мало бележат пораст на продажбата од 61% во третата недела од март во однос на истиот период минатата година

На списокот најбарани производи по маслото за јадење следува сапунот, чија продажба се зголеми за 250%, а потоа следува шеќерот со 228% повеќе, тоалетната хартија со пораст од 207%, додека трајното млеко се продаваше за 184% повеќе.

Побарувачката за марамчиња за хартија е поголема за 178%, за детергенти 161%, додека замрзнатиот зеленчук се купувал за 154% повеќе. Пелените забележаа пораст од 141%, јајца 105%, храна за бебиња 102%, смрзнати печива 100% и зеленчук 92%.

Малку помал скок на набавките, под 70 проценти е забележан за водата, јогуртот, свежото месо и овошјето.

Анализирано по категории производи, продажбата на трајни производи е зголемена за 101%, производите за здравствена заштита за 96,%, а производите за домаќинства за 96%.

Набавки на тоалетна хартија

Бебешките производи бележат зголемување за 80,9%, смрзнатата храна пораснала за 67,5%, додека производите за лична нега пораснале за 59,6%.

Побарувачката за свежа храна е зголемена за 41,5%, а за храна за домашни миленици 39,4%. Алкохолни и безалкохолни пијалаци продадени се за 37,5% повеќе.

Феноменот на создавање резерви за тоалетна хартија, изразен во бројки, покажува дека неговата продажба скокнала за 261%, што значи дека потрошувачите купувале речиси трипати повеќе од порано. Продажбата на детергентите за перење алишта се зголемила за 102%, а детергентот за машинско миење садови за 108%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...