Регион

„Хенкел“ ја затвора фабриката во Крушевац на две недели

01 Apr 2020

„Хенкел“ – Србија одлучи да ја затвори фабриката во Крушевац на две недели, за да ги заштити здравјето и безбедноста на вработените, кои се врвен приоритет за компанијата.

Според одлуката, производствените погони ќе престанат со работа, а логистиката ќе продолжи да работи со намален капацитет, за да им обезбеди на граѓаните да се снабдат со неопходните производи.

„Хенкел“ – Србија соопшти дека во фабриката во Крушевац, како и досега, ќе продолжат да се применуваат сите други мерки, пропишани од СЗО, Кризниот штаб за сузбивање на вирусот корона и од надлежните органи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...