Регион

Во „Лидл“ зголемен лимитот за бесконтактно плаќање

31 Mar 2020

Во согласност со препораките на Хрватската народна банка, во „Лидл“ од денес е можно бесконтактно плаќање до 250 куна (околу 2.000 денари), наместо досегашните 100 куни (околу 800 денари).

Плаќањето до 250 куни без внесувањето на ПИН купувачите ќе можат да го вршат со картички од сите банки. Ваквата одлука е донесена за да се намали можноста од зараза со вирусот корона, а земејќи ги предвид советите на институциите, кои вклучуваат минимизирање на движењето и меѓусебните контакти  и избегнување на допирање предмети и површени изложени на вирусот.

Со оглед на тоа што просечната трансакција со платежна картичка во Хрватска изнесува околу 225 куни, од Хрватската народна банка сметаат дека со овој лимит ќе биде опфатен голем дел од секојдневните платежни трансакции на граѓаните.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...