Регион

Групацијата „Пивац“ им исплаќа бонуси на работниците

29 Mar 2020

Секојдневното снабдување на купувачите со свежо месо и месни преработки немаше да биде можна без вредното работење на вработените во месната индустрија „Браќа Пивац“, карловачка месна индустрија ППК и месната индустрија „Вајда“ Чаковец, истакнуваат од групацијата.

Во период на вонредни околности предизвикани од појавата на вирусот корона, се вложуваат надчовечки напори за да се осигура континуитет во производството и снабдувањето. За да изрази благодарност, групацијата „Пивац“ донесе одлука за доделување парични награди, а вработените ќе добијат и велигденски бонуси, во облик на подарок-бонуси.

Во вонредната состојба во која се наоѓа Хрватска, нашите работници, особено тие што работат во производството, дистрибуцијата и во малопродажбата секојдневно даваат сè од себе за да осигурат континуитет и снабдување на трговските синџири, како и на нашите 270 малопродажни објекти во Хрватска, стои во соопштението на групацијата.

Во секојдневното производство и снабдување од групацијата истакнаа дека нивен приоритет е и заштита на работниците и купувачите од ширење на вирусот корона. Поради тоа преземени се строги заштитни мерки, а обезбедено е и доволно количество на ракавици и маски, средства за дезинфекција и сл.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...