Регион

„Нектар“ донираше за да се обезбедат тестови за коронавирус

28 мар 2020

Компанијата „Нектар“ се придружи на акцијата што ја спроведува Стопанската комора на Србија и донираше 5 милиони динари за набавка на тестови за дијагностика на коронавирусот. 

Од компанијата соопштија дека сакаат да помогнат колку што можат за што побрзо со ефикасни мерки да се спречи ширењето на вирусот и да се сочуваат животи. 

Со донација преку нашата „Не е сеедно фондација“ сакаме да придонесеме за нашиот здравствен систем во моменти кога водиме пресудна битка со времето. Веруваме дека солидарноста и хуманоста се најдобар можен начин за тоа. Сега е момент за сите да го дадеме својот максимум за да излеземе од оваа битка како победници, изјави Михајло Јанковиќ, директор на „Нектар“. 

„Нектар“ со донации од свои производи ќе им помогне и на волонтерските центри ширум Србија кои овие денови им помагаат на повозрасните граѓани, но и пакуваат и дистрибуираат хуманитарни пакети. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...