Осигурана е исплатата на нето-плати за период од шест месеци, нема да се отпуштаат работници па дури и ако поради вирусот се затворат одредени продавници, соопштија од хрватски „Певец“.
Од таму велат дека во моментов се фокусирани на дополнително јакнење на мерките кои ги намалуваат социјалните контакти меѓу работниците покрај сега веќе зголемените хигиенски протоколи на сите ризични локации.
Асортиманот што „Певекс“ го продава во своите малопродажни објекти е од витална важност за намалување на бранот епидемија. Тоа посебно се однесува на малите стопанственици на кои е потребно да им се овозможи продолжување на работата. Сега „Певекс“ соработува со повеќе од 83.000 правни субјекти, стои во соопштението.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.