Регион

Почина Слободан Радун, сопственик и основач на „Нектар група“

16 Mar 2020
 Слободан Радун, сопственик и основач на „Нектар група“, почина вчера, по долга болест. 
 
Не напушти голем човек и визионер, основач на компанија која стана гигант во регионалното производство на овошни сокови и преработка на овошје и зеленчук, соопштија од „Нектар група“. 
 
Од таму наведуваат дека благодарејќи на визијата, енергијата, стручноста, знаењето и храброста на Радун, од еден мал потфат во 1998 година до денес, „Нектар“ израсна во компанија која е апсолутен лидер во регионот во својата дејност но е препознатлива и надвор од регионалните рамки. 
 
Еден српски сон успеа, рече Слободан Радун на минатогодишното одбележување на првиот голем јубилеј на компанијата. 
 
Меѓу другото, тој беше прогласен и за најдобар менаџер во Југоисточна Европа. 
 
Беше горд на сите членови на семејството Радун кои активно со него ја градеа приказната „Нектар“, и се дел од работењето на компанијата. Беше горд и на сите вработени во Србија, Словенија и Северна Македонија, стои во соопштението од „Нектар“. 
 
Слободан Радун почина во 75-тата година од животот и зад себе остави сопруга, две ќерки и син, но и „Нектар“ семејството собрано во рамки на компаниите „Нектар“, „Фруктал“, „Хеба“, „Делишес хани“, „Био панон“, „Радун инжињеринг“, „Југоинспект-Нови Сад“ и „Иднина“.
 
 
  
 
 
 
 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...