Регион

Во Нови Сад се гради погон на фабриката „Бери Калебаут“

05 Mar 2020

 

Во Нови Сад почна изградбата на погон на фабриката „Бери Калебаут“, која ќе има големо значење за тамошната прехранбена и преработувачка индустрија бидејќи најголем дел од суровините ќе ги набавува во Србија. 

Планирано е да има 100 нови вработувања и да почне со работа од следната година. 

„Бери Калебаут“ е најголем светски преработувач на какаото како суровина за кондиторската индустрија. Седиштето на компанијата е во Цирих, а вкупно низ светот има 60 различни погони. Минатата година оствари 6,5 милијарди евра приход од продажбата. 

Погонот во Нови Сад ќе биде регионален центар од каде „Бери Калебаут“ ќе го снабдува со чоколадо пазарот на југоисточна Европа. Планираниот почетен годишен производствен капацитет е 50.000 тони.

Сопствениците најавија дека во следните пет години во оваа фабрика ќе вложат 50 милиони евра. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...