Регион

Во „Меркатор“ извршено првото инстант-плаќање

04 Mar 2020

Во хипермаркетот „Меркатор“ во Белград беше направена промоција на проектот на Народната банка на Србија за инстант-плаќање на продажно место на трговецот (кодот IPS QR) преку методот „IPS покажи“.

Инстант-плаќањето со мобилен телефон на продажното место на трговецот е со помош на апликацијата за мобилно банкарство во која е интегриран овој код. Овој вид плаќање претставува една од најсовремените услуги за плаќање на безбеден, брз и едноставен начин без готовина и платежни картички.

Виолета Ковачевиќ, извршен директор за финансии во компанијата „Меркатор-С“, нагласи дека клучните фактори за диференцијација на компанијата отсекогаш биле иновациите и дополнителните придобивки што им ги овозможуваат на потрошувачите.

Најголемата вредност на оваа услуга е тоа што е брза, едноставна и безбедна. За купување во маркетите на „Идеа“, „Рода“ и „Меркатор“ повеќе не се потребни ниту пари ниту платежни картички, туку единствено мобилниот телефон и апликацијата од банката кај која имаме сметка. Со оглед на тоа што живееме во време на постојани промени, кои ни ги овозможуваат новите технологии, очекуваме инстант-плаќањето со мобилниот телефон многу брзо да стане наша секојдневна навика, истакна Ковачевиќ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...