Регион

„Бадел 1862“ го прекина периодот на загуби и оствари значителна добивка

27 Feb 2020

Компанијата „Бадел 1862“ во 2019 година оствари нето добивка од 37,3 милиони куни, за разлика од годината претходно кога беше во загуба од 5,5 милиони куни, покажува финансискиот извештај на компанијата објавен на загребската берза.  

На крајот од минатата година, „Бадел 1862“ на ниво на оперативно работење оствари добивка од 45,1 милиони куни, што е значително подобар резултат во однос на негативниот резултат од 2018 година. 

Вкупните приходи остварени лани се во износ од 309,9 милиони куни и се повисоки за 4,3 отсто. Приходите од продажбата се зголемени за 5,1 отсто, на 289,7 милиони куни. 

„Бадел 1862“ во минатата година ги намали и расходите за 12,9 отсто, односно на 265,5 милиони куни. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...