Регион

Новата тоалетна хартија на „Виолета“ во корисна амбалажа

14 Feb 2020

Компанијата „Виолета“, регионален лидер во производство и развој на производи за одржување на хигиена,  направи нова тоалетна хартија од хартија што 100 отсто се рециклира и од амбалажа што исто така 100 отсто се рециклира. 

Идејата на компанијата е со својот пример да ја предводи промената во пристапот на развојот и обликувањето на амбалажите на производите на нашите простори, односно - да се постигне еколошка одржливост на амбалажите на спакуваните производи.

Вложивме дополнителни напори во дизајн и обликување на нови производи со цел да ги минимизираме штетите врз животната средина. Деновиве, полиците на сите продавници во Хрватска се полни со првиот производ на “Виолета“ дизајниран за зачувување на животната средина. Се работи за тоалетна хартија, производ кој на сите ни е потребен и за кој не размислуваме премногу. Ја спакувавме својата нова тоалетна хартија во употреблива вреќа за отпад. Кога веќе ја фрламе амбалажата зошто да не ја искористиме како вреќа за ѓубре, објавија од компанијата.

Пакувањето на новата тоалетна хартија на “Виолета“ е дизајнирано целосно како и секое друго пакување на овој производ, освен тоа што има интегрирана и типична лента за затворање, каква што има и на вообичаените вреќи за фрлање на отпад. 

Новата тоалетна хартија на Виолета со двојна намена, има потенцијал да го намали вкупното производство на отпад на годишно ниво за 10.552 килограми. 

Од самиот почеток, хрватската агенција Saatchi & Saatchi учествуваше во развојот на идејата и дизајнот на пакувањето. Наместо стандардниот брендинг и комуникациска кампања, какви што редовно се прават при лансирање на производи, Saatchi & Saatchi предложи амбалажата да биде главниот комуникациски канал.

Во оваа пригода, не сакавме да користиме стандардни методи за брендинг, смисливме убаво име и составивме уште едно лого со „еко“ илустрација или симпатичен хипстерски слоган, но ја сфативме важноста и различноста на овој производ бидејќи се разликува од сите останати во нашиот и светскиот пазар. Се обидовме да создадеме бренд со мисија да ја подигнеме свеста на јавноста, но и на нашата индустрија за влијанието на производите за широка потрошувачка, но и на самите брендови врз животната средина“, изјавија од Saatchi.

Според најновите расположливи податоци на Евростат, просечниот граѓанин на ЕУ со својата потрошувачка произведува дури 169,7 кг отпад годишно, кој се генерира само од исфрлената амбалажа и непотребното пакување на производи за широка потрошувачка. Севкупно, ова би значело дека граѓаните на ЕУ произведуваат над 80 милиони тони отпад само заради лошо, нефункционално или невнимателно дизајнирани пакувања на производите. 

Извор: marketing365.mk; instore.hr 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...