Третиот по ред FMCG Marketing Summit ќе се одржи 17 март 2020 година во Музејот на современа уметност во Загреб. Конференцијата, чиј организатор е InStore - Хрватска, на присутните ќе им понуди анализа на престојните светски маркетиншки трендови во трговскиот сектор и ќе открие целосно нови можности за креативност. Исто така, ќе донесе одговор на прашањето како да се постигнат одлични резултати низ маркетиншките канали во 2020 година!
Сцената ќе ја заземат маркетиншки авторитети од FMCG секторот меѓу кои се Миранда Младин, извршна директорка за Централен маркетинг и иновации , „Атлантик група“, Никола Жиниќ, копретседател и главен креативен директор, „Брукета&Жиниќ&Греј“, Неб Чупин, сопственик и директор, „Хермес интернационал“, Далибор Шумига, ЦЕО, „Промосапиенс“, Девен Хјуџес, ЦЕО&коосновач, „Бајми“ и многу други.
ТЕМИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА
ИНОВАЦИЈА
Денес зборуваме за новите трендови во маркетингот, односно се соочуваме со цунами! Имате ли храброст да бидете единствени и да се диференцирате на пазарот? На конференцијата ќе се претстават компании кои веќе се приспособиле на промените и благодарение на тоа профитираат. Бидите иновативни, креативни и излезете од рамките, бидејќи само така имате шанса за успех.
АКТУЕЛНО
Денес, маркетингот расте и се менува како деловен пристап. Токму затоа носиме увид во маркетингот од поинаков агол! Важно е да се создаде содржина која е единствена, а притоа и релевантна за крајниот корисник. Доволно добро повеќе не е доволно, а во фокусот е општествената одговорност.
ТРЕНДОВИ
Доаѓа времето на агилна малопродажба и носи заматување во маркетинг-каналите. Водечките играчи предизвиците ги претвораат во предност и така ги создаваат најновите трендови. Подгответе се за незаборавно возење низ промените во сите маркетинг-канали и запознајте ги компаниите кои го сменија деловниот модел и се диференцираа на пазарот.
Годинава во фокусот ќе бидат потрошувачите. Маркетиншките тимови сè повеќе се свесни за фактот колку е важно постојаното одржување на врската со купувачот, а со оглед на животниот стил, денес во фокус е искуството, времето и одржливоста. Општествено одговорното работење станува норма, а по тоа се водиме и ние. Имено, од секоја уплатена котизација одреден износ ќе биде дониран на СОС Детското село во Хрватска. Обезбедете ја својата котизација на време и искористете ја можноста за рана пријава која трае до 17 февруари 2020 година.
Повеќе информации на официјалната веб-страница или на социјалните мрежи: Facebook и LinkedIn.
Се гледаме на најголемото маркетиншко случување во FMCG секторот, во регионот!
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.