Регион

Хрватска: „Студенац“ ќе отвори 100 нови продавници

11 Feb 2020

Малопродажниот синџир „Студенац“ ќе отвори 100 нови продавници во Хрватска до крај на оваа година. 

Откако „Студенац“ го презеде синџирот „Соник“ на почетокот на годинава, компанијата соопшти дека сака да го прошири работењето во цела Хрватска. Малопродажниот удел е нешто помалку од 5 отсто. Сега, најголем дел малопродажни објекти има во приморскиот дел на Хрватска, каде и цифрата за малопродажен удел е повисока. 

На крајот на 2019 година, „Студенац“ имаше нешто повеќе од 600 продажни места. Без сезонските работници, трговецот има околу 3.250 вработени. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...