Европската комисија објави дека пашкото сирење е впишано во регистарот на заштитени ознаки за потекло. Со тоа ова сирење доби заштита и на европско ниво.
Со заштитената ознака за потекло јасно се дефинирани суровините, опис на готовиот производ, географското подрачје на производство, доказ за потекло, постапката за производство и др.
Пашкото сирење е исклучиво производ од овчо млеко од островот Паг, Хрватска, со лимитирано производство дефинирано со количество на овци, млеко и период на производство.
Потврден е и договорот за првите шест заштитени хрватски производи што ќе се најдат на хрватскиот пазар, меѓу кои е и пашкото сирење.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.