Регион

„Кралот на бананите“ основа авиокомпанија

20 Nov 2019

Претприемачот Изет Растодер, кого го викаат „крал на бананите“, основа авио-компанија, наречена „Ер Адриатик“ и има намера да купи два авиона, пишува словенечкиот весник „Фајнанс“.

Како што порано известија словенечките медиуми, Растодер е еден од петте понудувачи за купување на имотот на „Адрија ервејс“, а поднел барање и за добивање сертификат за комерцијални летови.

Растодер работи со меѓународната трговија со банани речиси три децении и за тоа време успеа да ја позиционира компанијата како една од шесте најуспешни во дистрибуцијата на банани во светот. Таа поседува еден од водечките светски брендови - Derby. Под овој бренд се дистрибуираат најквалитетните банани од Еквадор, Колумбија, Костарика, Гватемала и Хондурас и цитрусни овошја од Јужна Африка и од Аргентина.

Основна дејност на компанијата „Растодер“ е трговија и дистрибуција на овошје и зеленчук. Со центар во Љубљана, компанијата успешно работи на сите светски пазари, особено на Медитеранот, на Црното Море и на Балканот.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...