Регион

„Студенац“ го презема „Соник“

12 Nov 2019

„Студенац“, еден од водечките малопродажни синџири во Хрватска, постигна договор за стратешко партнерство со „Соник“, задарски трговец со 88 продавници и околу 500 вработени. 

По одобрувањето од Агенцијата за заштита на пазарната конкуренција и исполнувањето на сите услови од договорот, „Студенац“ ќе се стекне со 100 отсто удел во „Соник“. 

Ова е деловна одлука од исклучителна и стратешка важност бидејќи дополнително ќе го осигура позиционирањето на „Студенац“ како пазарен лидер во малопродажбата. Ние сме два синџири добро запознати со потребите на купувачите, што во иднина уште повеќе ќе не приближи до локалната заедница и ќе ни помогне побрзо да одговориме на нејзините барања, соопштија од „Студенац“. 

Од „Соник“ изјавија дека трансакцијата е голем и важен чекор во развојот на компанијата, што ќе ѝ овозможи внатрешен развој и синергиски ефект кој ќе им даде можност за зголемување на пазарниот удел во регионот. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...