Регион

„АС Логистик“ отвара главен дистрибутивен центар во Сараево

29 Jul 2019

Новооснованата компанија „АС Логистик“, дел од „АС Холдинг системи“, следната година ќе отвори главен дистрибутивен центар во Сараево и уште еден помал во Мостар. 

Истовремено, се преземаат чекори за отворање и на дополнителни дистрибутивни центри. 

Според Драган Бјелица, директор на „АС Логистик“, проектот за главниот дистрибутивен центар треба да биде завршен до крајот на оваа година, за од почетокот на следната да почнат да градат или да купат нов објект. Во центрите ќе има иновативни системи за поквалитетно управување со сите магацински процеси, како што се планирање на залихите или управување со транспортот. 

Првиот дистрибутивен центар на „АС Логистик“ беше отворен кон крајот на јуни во Тузла. 

Пазарот на логистички услуги во БиХ во последните неколку години е во експанзија, бидејќи конкуренцијата значително работеше на унапредувањен на своите процеси. Својот простор го гледаме особено во синергијата што можеме да ја оствариме во врска со портфолиото на производи на групацијата „АС Холдинг“, позицијата на дистрибутивниот центар во Тузла, планираната позиција на главниот дистрибутивен центар во Сараево, како и технолошките системи што ги воведуваме за оптимизација на сите логистички процеси, изјави Бјелица.  

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...