Регион

Отворен „АС Логистик“, првиот логистичко-дистрибутивен центар на „АС Холдинг“

26 Jun 2019

Новооснованата компанија „АС Логистик“ ги отвори своите врати со свеченост во логистичко-дистрибутивниот центар во Тузла.

„АС Логистик“ Д.О.О. е дел од компанијата „АС Холдинг“ и основана со цел на членките на групацијата и на надворешните деловни партнери да им пружи најдобра испорака кон трети лица користејќи современи методи и логистички решенија. 

Нашата визија е да бидеме водечки добавувач на интегрални логистички услуги на домашниот пазар, обезбедувајќи им на нашите клиенти додадена вредност, со помош на иновативни системи за управување со логистичките процеси. Тоа ќе го оствариме со отворање дополнителни логистички центри во Сараево и во Бања Лука и помали во Херцеговина и во Краина со што целосно ќе го покриеме овдешниот пазар, изјави Драган Бјелица, директор на „АС Логистик“. 

Логистичко-дистрибутивниот центар во Тузла се протега на површина од 30.382 квадратни метри на кој има два деловни објекти кои функционираат како независни целини. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...