Трговскиот синџир „Певец“ се стекна со бонитетен сертификат ААА, и со тоа се вброи меѓу хрватските компании со натпросечнo ниво во бизнисот.
Компанијата во последните три години работи со одлични финансиски резултати, а овој сертификат е потврда дека сме на правилен пат. Верувам дека токму ААА оценката за бонитетна натпросечност ќе ни помогне во натамошниот финансиски развој, но и во транспарентно комуницирање на нашите резултати, изјави Јурица Ловринчевиќ, претседател на Управата на „Певец“.
Бонитетната оценка ААА претставува натпросечна бонитетна вредност на деловниот субјект, а се темели на финансиските извештаи на субјектите за деловната година и предвидува сигурност во работата во следните 12 месеци.
Вкупните приходи на „Певец“ пораснаа на 1,954 милијарди куни додека нето добивката порасна на 139,6 милиони куни во минатата 2018 година.
Компанијата на хрватскиот пазар работи од 1990 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.