Регион

„Певец“ купува недвижнини

11 Apr 2019

Хрватскиот трговски синџир „Певец“ стана сопственик на недвижнина во вредност од 83 милиони куни. 

Станува збор за деловните простории и земјиштето на подрачјето на Загреб, со површина од 111.322 квадратни метри, на кои се наоѓаат продажниот центар „Певец“ и трговскиот центар „Солидум“. 

Горд сум што станавме сопственици на недвижноста во која се наоѓа нашиот најголем и најистакнат продажен центар. Со оваа купопродажба станавме сопственици на 11 од вкупно 26 продажни центри во Хрватска. Ваквиот плански развој, што го поттикнуваме откако ја презедовме одговорноста за компанијата, ја засилува нашата позиција како лидери на домашниот пазар, изјави Јурица Ловринчевиќ, претседател на Управата на „Певец“. 

„Певец“ е прв хрватски трговски синџир, кој на пазарот опстојува од 1990 година. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...