Регион

Комората на трговци од Солун одби да дојде во Скопје

28 Mar 2019

Комората на трговци од Солун негативно одговори на поканата да биде дел од бизнис делегацијата што ќе го придружува грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на неговата посета на Македонија, пренесе Македонската информативна агенција (МИА). 

Комората ја донесе оваа одлука на состанокот на извршниот комитет, а претседателот на Комората, Михалис Зорпидис, ја поврза со прашањето за името.

Одговарам до „Enterprise Greece“ што ја координира делегацијата, дека Комората на трговци од Солун одлучи да не учествува во никаква активност што се поврзува со соседната земја, се додека користи име што не ѝ припаѓа. Прашањето беше тема на последниот состанок на Извршниот комитет, чии членови едногласно одлучија дека Комората го прави ова во знак на протест и реакција кон политиката што не го изразува грчкиот народ, изјави Зорпидис. 

Во исто време со одбиената покана од Комората, грчкиот премиер Алексис Ципрас, денес е во Солун каде што ќе учествува на дебата со бизнисмени од Северна Грција на тема „Развојните перспективи на бизнисите од Северна Грција по Договорот од Преспа“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...