Групацијата „Агрокор“ објави нов месечен извештај за финансиските резултати, за периодот од 11 февруари до 10 март 2019 година. Сите групи бележат пораст на приходите и на добивката.
Во извештајот се вклучени резултатите од 16 компании во три сегменти: малопродажба и големопродажба, прехрана, како и земјоделство.
Деловната група „прехрана“ оствари раст на приходите од 1,9 отсто во однос на планот проектиран на 443 милиони куни. Овде се истакнуваат резултатите на „Звјезда“ која оствари приход од 48 милиони куни, што е за 3 милиони куни повеќе од планираното.
Деловната група „малопродажба и големопродажба“ го надмина планираниот приход за 0,6 отсто. Овде се издвојува резултатот на „Конзум“, кој оствари за 2 отсто повисок приход.
Во деловната група „земјоделство“, приходот е поголем за 34 отсто и изнесува 192 милиони куни.
Инаку, од 1 април, „Агрокор“ и официјално ќе добие новото име „Фортенова груп“ и ново раководство.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.